6 совети како да бидете најдобрата старосватица што невестата може да ја посака

Да бидете старосватица е голема чест, но и одговорност. Пријателката која ќе ве избере за старосватица сака да ви порача дека многу ѝ значите, но и дека сака вашето пријателство да трае за цел живот. Старосватицата е десна рака на невестата, не само на денот на венчавката, туку и во текот на подготовките за тој важен ден. За да ја исполните должноста и беспрекорно да ги извршите задачите, ви откриваме 6 совети со кои сите ќе ве запаметат како најдобрата старосватица.

1-6-soveti-kako-da-bidete-najdobrata-kuma-koja-nevestata-mozhe-da-ja-posaka-www.kafepauza.mk_

1. Запишете ги сите задачи кои морате да ги извршите

Од листа со имиња на гостите и други детали околу организирање на моминската вечер, задачите за кои сте задолжени на денот на свадбата и останатите задачи кои морате да ги извршите – најдобро е да ги запишете на лист хартија кој секогаш ќе биде до вас во случај доколку се сетите на некоја друга работа и веднаш да ја допишете на листата.

2. Бидете ѝ на располагање на невестата

Старосватицата е онаа која заедно со невестата оди во потрага по невестински фустан, па секако планирајте го вашето време за секогаш да ѝ бидете на располагање. Помогнете ѝ на невестата во изборот на фустанот, обувките, велот, накитот, советувајте ја и немојте да ги штедите вашите комплименти кога ќе ја видите во фустанот што совршено ѝ прилега.

3. На денот на венчавката бидете 100% присутни

Тоа значи да го исклучите вашиот мобилен телефон и во целост да се посветите на невестата, гостите и да се вклучите каде што е потребно. Помогнете ѝ на невестата да се облече, поправете ѝ го фустанот или фризурата додека се фотографира и слично.

2-6-soveti-kako-da-bidete-najdobrata-kuma-koja-nevestata-mozhe-da-ja-posaka-www.kafepauza.mk_

4. На свадбата дружете се со гостите

Обидете се помалку да седите, освен за време на јадењето, кога се зборува. Играјте, обиколувајте ги гостите, разговарајте со нив, забавувајте се себеси, но и останатите.

5. Подгответе говор

Што да ѝ порачате на пријателката која основа сопствено семејство? Па само најдобри желби! Подгответе сопствен говор, а доколку е подолг можете да го запишете и да го читате. Со изразување на убавите желби присетете се на моментите од минатото кои вие двете заедно сте ги доживеале, заблагодарете ѝ се на тоа што ве избрала токму вас за старосватица.

6. Бидете насмеани со одлична волја

Вашата пријателка се мажи, веселете се! Кој сака да гледа намуртени луѓе на свадба, особено ако тоа е старосватицата? Свадбата е настан кој се слави и затоа уживајте во тие свечени моменти со кои се започнува ново поглавје во животот на вашата пријателка.

3-6-soveti-kako-da-bidete-najdobrata-kuma-koja-nevestata-mozhe-da-ja-posaka-www.kafepauza.mk_

Доколку ги следите овие совети, свадбата на вашата пријателка ќе биде уште еден настан кој сте го доживеале заедно и на кој со задоволство ќе се сеќавате во иднина.

Прочитајте и што никако не смеете да правите на свадба.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар