6 романтични гестови кои секоја жена ги сака

Без разлика дали сте заедно подолго време, или вашата врска е нова, понекогаш е неопходно да ѝ покажете на вашата партнерка дека ја цените. Еве неколку начини на кои ќе ѝ покажете дека се грижите за неа и ќе ја натерате да сака да биде само со вас.

1. Давајте ѝ комплименти

(1)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mk

Никогаш не престанувајте да ѝ кажувате колку е убава и колку ве прави среќни. Можеби вие размислувате за ова, но мислите не се доволно. Потсетувајте ја одвреме-навреме. Експертот за состанување, Ник Нотас, смета дека е важно да ѝ давате искрени комплименти, но не треба да се фокусирате само на физичкиот изглед. Давајте ѝ комплименти и за нејзините карактеристики или вредностите кои ги сакате.

2. Негувајте ја

(2)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mk

Кога ќе престанете да ѝ обрнувате внимание, и кога таа ќе престане да се чувствува негувано и сакано, може да си побара и друг партнер. Немојте да ги заборавате важните датуми и слушајте ја кога ви зборува. Најдобриот начин да ѝ покажете на една девојка дека ја сакате е да ја ставите на прво место. Бидејќи таа секогаш е подготвена да се жртвува за вас, покажете ѝ дека и вие сте подготвени на истото.

3. Понудете ѝ поддршка

Couple in love hugging in an urban park

Многу пати на жените им е потребно само да бидат ислушани. Таа не бара да ѝ ги решите проблемите, па кога ќе ви се пожали за шефот или за некој колега, дозволете ѝ да се искаже. Кога жените зборуваат, не го прават тоа само за да пренесат некоја информација. Жените го користат дијалогот за да ја зголемат интимноста. Тие се чувствуваат емоционално поддржани кога ги слушате. Докажано е дека мажите кажуваат по 2.000 зборови на ден, додека жените 7.000. Кога зборуваат мажите, тие се потпираат на факти, ја кажуваат својата поента или постигнуваат цел. Жените зборуваат и за овие причини, но со разговорот го намалуваат стресот, создаваат интимност и градат врска.

4. Покажете ѝ внимание

(4)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mk

Допирот може да биде многу моќен. Можете да се држите за раце додека шетате или пак, да споделите топла прегратка. Случајните допири на рамото или на лицето ќе ја растопат. Жените речиси никогаш не се изморуваат од ова внимание. Дури и ако сте неколку години во брак, овие допири нема да поминат незабележани.

5. Гледајте ја

African American Couple Shopping With Credit Card In Panama

Колку е подолга врската, толку помалку се гледаат партнерите. Ќе забележите дека додека разговарате вие си го проверувате телефонот, или пак читате весник. Обидете се да гледате во нејзините очи и лице додека ви зборува. Кога ќе ѝ го посветите целото внимание, таа ќе добие еден од најубавите подароци. Истражувањата покажувале дека кога паровите се гледаат две минути во очи, непрекинато, се чувствуваат поблиску еден кон друг.

6. Изненадете ја

(6)6-romantichni-gestovi-koi-sekoja-zhena-gi-saka-kafepauza.mk

Сигурно се сеќавате на почетокот на вашата врска. Сигурно сте биле нервозни, но најмногу од сè – возбудени. Ако поминало доста време откако сте направиле вашата партнерка да се чувствува така, време е да преземете нешто. Изненадувањата не мора да бидат големи или скапи. Ако на пример треба да оди некаде, исчистете го снегот од нејзиниот автомобил. Ако направила неред во кујната, помогнете ѝ и измијте ги садовите. Кога малку ќе се потрудите за вашата дама, таа одново и одново ќе се вљубува во вас.

Девојки, погледнете кои романтични гестови ќе направат вашиот партнер да ве засака уште повеќе.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар