6 работи од кои треба да се плашите иако не ви е гајле за нив

Џабе се плашите од летање, височини, пајаци или змии. Има многу пострашни работи кои треба да ви втераат страв во коски од едноставна причина – ништо друго не ве носи поблиску до смртта.

6 работи од кои треба да се плашите иако не ви е гајле за нив

Вашите лоши навики додека возите

Ако сте нетрпеливи да го претекнете автомобилот кој е пред вас, зборувате на мобилен додека возите или возите побрзо од дозволеното затоа што вие „имате одлични возачки способности“, тогаш имате добра причина да се плашите од самите себеси. Сообраќајните несреќи се една од најчестите причини за смрт. Најголем е бројот на загинати во патничкиот сообраќај. Можете во кој било дел од денот да ги проверите вестите од црна хроника и ќе прочитате дека некој загинал баш тоа утро додека вие сè уште сте спиеле. Ако уште еднаш ги проверите вестите по неколку часа, можно е да има уште некој загинат. А ако и вие возите исто така како што возеле и тие, тогаш навистина има од што да се плашите.

Желбата за благо

Шеќерот ќе ви го наруши метаболизмот, ќе ви додаде колку што може повеќе килограми и ќе ви ја зголеми шансата да заболите од дијабетес. Се поврзува и со многу други болести. Белиот рафиниран шеќер е доста опасна работа доколку биде консумиран во големи количини.

Лош стрес

Возбудата пред некој важен настан е добар стрес. Оној од кој треба да се плашите е лошиот, хроничен стрес кој ве спречува да го живеете животот онака како што сакате. Ако сметате дека сè е во ред со вашиот живот и не знаете зошто се чувствувате рамнодушно или лошо, или пак ако не можете да заспиете и покрај тоа што сте уморни, многу е веројатно дека стресот зел замав и може наскоро да се претвори во депресија и да предизвика бројни кардиоваскуларни проблеми. Тоа е знак дека е време за промени.

6 работи од кои треба да се плашите иако не ви е гајле за нив

Лош сон

Спиењето помалку од 7 часа навечер ве прави поранливи кога станува збор за каква било причина која предизвикува рана смрт. Потребата за сон е различна кај секој човек, но знакот кој треба да го следите е дали час или два после станувањето сè уште се чувствувате поспано. Ако одговорот е потврден, треба да се потрудите да си обезбедите подобар сон.

Преоптовареност со информации

Гледањето телевизија и сурфањето на интернет можат да ви го бомбардираат мозокот со премногу информации кои не ви се потребни во животот. Тој постојан наплив од информации може со тек на време да ги оштети деловите од мозокот коишто се задолжени за концентрација и внимание, а можат и да направат мозокот да не реагира на стресни ситуации.

Губење контакт со најблиските другари

Потребата од пријатели и во добри и во лоши моменти како да исчезнува кога луѓето стапуваат во брак или стануваат родители. Тоа го има потврдено и едно истражување на универзитетот Харвард, а едно друго на универзитетот Оксфорд говори за тоа дека ни требаат барем три блиски другари со кои ќе ги делиме радостите и тешкотиите. Среќавањето нови луѓе на училиште или факултет е лесно, но штом завршите со тоа станува тешко да запознаете нови луѓе или да влезете во нивните прилично затворени групи на пријатели. Затоа би било паметно да наоѓате време за луѓето кои ви се блиски.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар