6 проблеми во врските кои никогаш не би постоеле да не беа социјалните медиуми

6 проблеми во врските кои никогаш не би постоеле да не беа социјалните медиуми

Иако дигиталната ера ни олесни многу нешта, сепак ги искомплицира љубовните врски. Ако не постоеја социјалните медиуми, тогаш и овие проблеми немаше да постојат.

0-6-problemi-vo-vrskata-koi-nikogash-ne-bi-postoele-da-ne-bea-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

1. Дали сте „во врска“ на Фејсбук?

Ако не сте ставени „во врска“ на Фејсбук, дали воопшто сте во вистинска врска? Па секако дека сте. Вашата врска не треба да ја омаловажувате само затоа што не сте ја искажале љубовта пред куп странци на интернет. Треба да се грижите еден за друг, а не за тоа кој знае дека сте пар. Ако двајцата имате доверба и сте сигурни во вашата врска, статусот на интернет воопшто не е важен.

2. Дали сте на нивната профилна фотографија?

Ако вашиот партнер нема профилна фотографија со вас, тоа сигурно ве тера да помислите дека не ве сака доволно. Грешно. Не се чувствувајте како да не сте доволно сакани само поради една фотографија. Партнерот сигурно ја избрал таа слика бидејќи изгледа добро на неа и сигурно не мисли дека тоа ви е толку важно. Ако ви е толку важно, тогаш зборувајте со него/неа околу тоа. Ако им значите, тогаш тие сигурно нешто ќе променат.

3. Дали ги „лајкнуваат“ вашите фотографии?

Зарем не ви е многу поважно тој/таа да ве „лајкнува“ вас, наместо вашите фотографии? „Лајковите“ се само бројка – таа никако не ја определува вашата вредност. Колку побрзо го сфатите ова, толку подобро за вас.

4. Дали бившите им ги „лајкнуваат“ фотографиите?

Кога поранешен партнер ќе „лајкне“ слика од вас од некоја журка на која изгледате одлично, секако дека партнерот барем малку ќе се стане љубоморен. Малата љубомора е здрава за врската, а и плус не можете да контролирате кој ви ги „лајкнува“ фотографиите (добро, можете, ама не сакате). Ако бившиот/ата ви „лајкне“ слика, во денешно време тоа е виртуелната верзија на додворување, а вие и вашиот партнер го знаете тоа.

5. Зошто го тргнале својот таг од вашата слика или сосема ја тргнале сликата од нивниот профил?

Сигурно досега мислите дека партнерот ве изневерува. Дишете. Смирете се. Тие најверојатно го тргнале тагот или ја сокриле фотографијата од некои банални и плитки причини – не им се допаѓало како им изгледала косата.

6. Зошто ве исекле од сликата?

Ах, ова можеби е најголемата навреда во дигиталниот свет. Кога вашиот партнер ќе ве исече од некоја фотографија е исто како да ве сече од неговиот живот. Овде имате причина да се прашувате зошто го прави тоа. Зошто некој би уредувал слика за да се осигура дека вие не сте на неа? Без разлика колку онлајн екитерањето не ви е важно во љубовниот живот, тоа сепак може да стане новата реалност на модерните врски. Можеби има добра причина зад тоа, а можеби и партнерот се обидува нешто да ви каже.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар