6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

Знаејќи дека дури и скапите чевли за брзо време можат да изгледаат како износени, тешко е да се оправда трошењето многу пари за нив. Но, само затоа што купувате штикли со ограничен буџет, не значи и дека мораат да изгледаат евтино. Сè додека знаете што ги прави штиклите да изгледаат евтино и свесни сте дека она што можеби изгледа добро на скапите, не мора да изгледа убаво и на поевтините, нема да згрешите во вашиот избор на обувки.

1. Платформата е премногу висока

6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

За жал, колку е повисока платформата, толку поевтино изгледаат штиклите, особено кога се работи за скриена платформа, која често наликува повеќе како копито со штикла, отколку како елегантни чевли со потпетица. Од друга страна, штиклите без платформа секогаш изгледаат софистицирано, но истовремено се и навистина неудобни. Ако сакате да носите штикли без платформа, а сакате тие да бидат и удобни, тогаш барајте модели каде што платформата е помала од ѓонот.

2. Не се добро прилагодени на вашето стапало

6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

Ако штиклите не ви се точни, не само што ќе изгледате смешно, туку тоа ќе влијае и на начинот на одење, како и на држењето на вашето тело. Без разлика колку некои штикли се прекрасни, ако не ви се совршено точни и прилагодени на вашето стапало, не купувајте ги. Секако, со текот на времето ќе се рашират или може да додадете потпора за да ги направите посигурни, но дали вреди да поминувате низ сето ова? И што ако тоа не е доволно? Не само што сте ги потрошиле парите, туку и времето.

3. Имаат премногу додатоци

6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

Украсувањето секогаш може да биде деликатно. Дури и скапо украсените штикли може да изгледаат евтино, ако орнаментите и украсите не се правилно избрани. Не трошете многу пари за пренакитени штикли. Кога ќе видите луди, украсени чевли кои ви се допаѓаат, размислете кој детаљ од нив најмногу ви се допаѓа, па онлајн побарајте модели кои најмногу го истакнуваат тој детаљ. Подобро изберете чиста и класична форма во бојата што ви се допаѓа, наместо пренакитени штикли.

4. Имаат повеќе видови дезени

6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

Ако ви се допаѓаат штикли со животински дезени, тогаш изберете ги оние модели со една шара, наместо оние со мешавина од повеќе дезени, бои и текстури.

5. Износени штикли

6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

Нема ништо софистицирано во носењето износени чевли. Ако забележите какви било оштетувања на вашите штикли, голема е веројатноста дека и другите ќе го забележат тоа. Гребаниците на штиклите со превртена кожа можат да се отстранат со четка за миење заби. Можете да ја зачувате формата на шпиц штиклите ако местото каде што влегуваат прстите го полните со мек материјал кога не ги носите, а со ножици треба да ги сечете испуштените конци од нивните рабови.

6. Штиклите се премногу сјајни

6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

Без разлика дали се работи за мат или сјајна боја, кожата изгледа убаво во црна, бела или жолто кафеава варијанта, додека може да изгледа навистина невкусно во изразени варијанти како сина, розова или темно кафеава. Ова посебно важи за вештачката кожа, а кога купувате штикли со ограничен буџет тогаш најчесто не купувате штикли од вистинска кожа. Ако сакате оние модели со силно изразена боја да не изгледаат евтино, тогаш држете со до штиклите со превртена кожа.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар