6 причини зошто треба однапред да си ги планирате и подготвувате оброците

Однапред планираните оброци не се корисни само за бодибилдерите, спортистите и луѓето што внимаваат на нивните килограми. Овој начин на исхрана има придобивки за сите луѓе, бидејќи така можете да контролирате што јадете и како се чувствувате. Можете однапред да ги подготвувате оброците за целиот ден, па дури и за цела недела. Прочитајте зошто ова ќе биде корисно за вас без оглед на тоа колку години имате и што работите…

6 причини зошто треба однапред да си ги планирате и подготвувате оброците

1. Подобро ќе се храните

На овој начин вие одлучувате какви ќе ви бидат оброците. Сите луѓе сакаат да се хранат здраво и да одбегнуваат брза храна кога доаѓа време за ужина и мора да најдете нешто што веднаш ќе ви го задоволи гладот. По долгиот напорен ден сигурно не ви ни паѓа на памет да поминете цел час во подготвување здрав оброк. Но, доколку јадењето ви е веќе готово, нема да имате никаков проблем да го направите правилниот избор.

2. Ќе заштедите пари

Вистина е тоа дека ќе потрошите малку повеќе кога ќе отидете да пазарите за цела недела однапред, но во текот на неделата воопшто нема да имате потреба дополнително да излегувате до продавница или супермаркет. На подолг рок ќе забележите дека почнувате да заштедувате пари, а има ли нешто подобро од тоа?

3. Ќе го решите вашиот „проблематичен“ оброк

Повеќето луѓе имаат барем еден проблематичен оброк во текот на денот. Станува збор за оброкот за кој немате ниту време ниту волја. За некои тоа е вечерата кога по долгиот напорен ден ќе стигнат дома и наместо да готват ќе решат да нарачаат нешто. За други тоа е ручекот за кој немаат повеќе од 15 минути. За дел од луѓето станува збор за појадокот кога одвај отвораат очи, а не, пак, да подготвуваат здрав појадок. Однапред планираните и подготвените оброци ќе ве натераат да правите здрав избор на храна, а со тоа ќе почнете да донесувате и подобри животни одлуки.

6 причини зошто треба однапред да си ги планирате и подготвувате оброците

4. Сѐ ќе ви биде полесно

Најголемата придобивка што ќе ја добиете нема да бидат заштедените пари или изгубените килограми, туку тоа што воопшто нема да размислувате за тоа што ќе јадете. Само ќе треба да го подгреете веќе подготвениот оброк и да уживате.

5. Однапред подготвените оброци ќе ве поттикнат да донесувате подобри животни одлуки

Кога ќе почнете однапред да ги планирате и подготвувате вашите оброци, вашиот живот значително ќе се подобри. Тоа е така затоа што ќе јадете според некој план, а не според вашата ненаситност и стрвост. Оваа позитивна промена ќе влијае на сите сегменти од вашиот живот. Ќе пиете повеќе вода. Ќе имате мотивација за вежбање. Наутро ќе станувате малку порано и ќе бидете попозитивни. Дали однапред подготвените оброци ќе ве натераат со танцување да излезете од дома во 6 часот наутро? Веројатно не, но ќе ве уверат дека можете да донесувате правилни одлуки и да се држите до нив.

6. Ќе заштедите време

Благодарение на однапред подготвените оброци ќе можете да јадете секогаш кога ќе почувствувате глад. Можеби помислата на тоа дека треба однапред да испланирате 21 оброк за цела недела ве ужасува, но размислете само колку време ќе заштедите не само со тоа што нема да мора да одлучувате што да јадете, туку и со тоа што нема да мора цело време да готвите. Ова заштедено време ќе можете да го искористите за многу продуктивни работи, како на пример вежбање, некое ново хоби или одморање.

Можеби на почеток ќе ви биде тешко да направите план на оброците за цела недела, но по некое време тоа ќе ви прејде во навика и ќе почнете да ги забележувате сите значителни придобивки. Размислете за оваа идеја и не двоумете се дали да ја направите оваа позитивна промена во вашиот живот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар