6 причини за пожолтување на забите

6 причини за пожолтување на забите

Можеби сте забележале дека вашата насмевка има поразлична боја или пак некој заб почнал да ви пожолтува. Па што е причината за ова? Емајлот е надворешниот слој на забот и обично има бела до бело-сива боја. Слојот под емајлот се нарекува дентин и станува видлив кога емајлот ќе стане потенок. Бојата на дентинот е жолта. Сепак, постојат неколку работи кои ќе ви помогнат да го зајакнете вашиот емајл, како и да ги намалите дамките кои ги пожолтуваат забите. Погледнете неколку причини поради кои вашите заби се пожолти.

6 причини за пожолтување на забите

1. Користите премногу средство за плакнење на устата

Една од најлошите средини за вашите заби е сувата уста. Причината за ова е тоа што плунката има комбинација од минерали и ензими кои ја одржуваат рН вредноста на вашата уста неутрална, односно ја намалуваат киселоста која го троши емајлот. Проблемот е што многу средства за плакнење на устата се премногу кисели, па ако ги користите често тие го уништуваат емајлот. Подобро е поредовно да ги миете забите или почесто да одите на чистење кај вашиот заболекар.

2. Јадете премногу кисело овошје и зеленчук

И премногу киселата храна може да го уништи емајлот. Овде спаѓаат цитрусни овошја и сокови, домати, ананас, оцет, газирани пијалаци, некои спортски пијалаци, како и преливи за салати кои содржат оцет. Ова не значи дека треба да се откажете од овие намирници, туку само да ја плакнете устата секогаш откако ќе ги консумирате.

3. Пиете многу кафе

Иако кафето има свои здравствени придобивки, тоа може да биде грубо за вашите заби. Со 2-3 шолји кафе на ден вашите заби постојано се изложени на пијалак што создава дамки. Овие дамки може да не се отстранат и да пожолтат со текот на времето. Проблемот не е во количината кафе, туку во начинот на пиење. Ако кафето го пиете со сламка или побрзо, дамките пократко ќе останат во устата.

4. Пушите цигари

Хемикалиите во цигарите и тутунот остануваат на емајлот и го оштетуваат. Па, колку подолго пушите толку повидлив е овој резултат. Пушењето исто така е поврзано и со други проблеми со оралното здравје како болести на непцето, кариес и сува уста. Па ако сакате цврсти и бели заби, еве ви уште една причина да ги откажете цигарите.

5. Лоши хигиенски навики

Време е да почнете да ги чистите забите со конец. Ако не ги четкате редовно, на вашите заби ќе се соберат наслаги. Ова ќе го ослаби заштитниот слој и забите ќе изгледаат пожолти од бактериите. Редовното четкање и чистењето со конец, како и редовното чистење на заболекар, ќе ви помогнат да ја вратите и зачувате белината на вашите заби.

6. Грубо четкање на забите

Се разбира, одлично е редовно да ги четкате забите, но посилен притисок не значи поздрава уста. Напротив, тоа може да има спротивен ефект. Ова е уште поопасно ако вашата паста за заби содржи абразивни состојки кои не се признати од Здружението на заболекари. Ако силно или пречесто ги четкате вашите заби, ќе го намалите емајлот и ќе го изложете дентинот.

Ако вашите заби се веќе пожолтени, консултирајте се со вашиот заболекар за професионално избелување. Исто така тој ќе ви даде и неколку совети кои ќе ви помогнат да ја задржите посакуваната боја.

Погледнете ги и овие совети за совршена холивудска насмевка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар