6 причини за да размислите 6 пати пред да пресудите

Ние не сме оние кои треба да судиме и пресудуваме. Но, должни сме да разликуваме добро од лошо, правилното од неправилното, да ги погледнеме сите нијанси помеѓу црното и белото и никогаш да не претпоставуваме дека ги знаеме сите факти и дека нашиот суд е најточен. Можеби подоцна ќе сфатиме или дознаеме нешто што ќе го промени нашето мислење, па ќе се чувствуваме лошо бидејќи сме пресудиле прерано.

1-shest-prichini-za-da-razmislite-shest-pati-pred-da-presudite-www.kafepauza.mk_

1. Работите понекогаш не се баш такви како што изгледаат

Сè има своја цена. Сјајните и привлечни работи, како и оние другите. И сите ние ја плаќаме таа цена, одржувајќи го изгледот што сакаме да го прикажеме, или пак оној што сакаме да го отфрлиме и промениме. Никој не е секогаш убав и прекрасен како што изгледа и не е никој толку лош и безвреден како што изгледа. Некои пристојни и добри семејни луѓе се вистински тирани, додека пак други кои се пакосни навистина се одговорни и се борат за своето семејство. Секако, постојат и луѓе кои се сто проценти она што сè, и не ги кријат своите лоши страни ниту пак се прават подобри од она што навистина сè.

2. Секогаш постои друга страна од приказната

Кога ќе застанеме на нечија страна, треба да знаеме сè, исто како адвокат кој го брани својот оптужен. Треба да ги пронајдеме слабостите на неговото видување и да сфатиме како другите ја интерпретираат неговата приказна. Вистината е таму некаде и треба убаво да ја испитате.

3. Не можете да ги сфатите нивните мотиви ако не чувствувате емпатија

Луѓето прават страшни работи. Ако ги исфрлиме екстремите, ќе видиме дека и обичните луѓе секојдневно прават работи од кои се срамат и ги кријат. Ретко е некој толку многу сигурен во себе и спремен да ги брани своите ставови – и да ги промени ако не може да ги одбрани. Секој има свои мотиви, кои не е спремен да си ги признае ниту на самиот себе.

2-shest-prichini-za-da-razmislite-shest-pati-pred-da-presudite-www.kafepauza.mk_

4. Полесно е да пресудите отколку да расудите

За пресудување е доволно само да сè држите до црното и белото, а за да расудите потребно е да ги здружите разумот, чувствата и интуицијата, проценувањето и разбирањето. Пресудувањето се занимава со тоа кој е во право, а кој е крив. Во расудувањето пак, секогаш доаѓате до прашањето за одговорноста и егото – никој не е сосема во право, а во секој случај, сите сè одговорни.

5. Не треба да донесуваме заклучоци под притисок

Ако сме лути, повредени и тажни, нема добро да расудиме. Ќе нè опседнат лутите, повредени и тажни мисли, кои не ја отсликуваат реалноста, туку нашата внатрешна состојба. Доволно е само да бидеме свесни за тоа и да се воздржиме од донесување одлуки и преземање акции, додека не се одмориме и смириме.

6. Разбирањето и опростувањето водат кон патот на мудроста

Незнаењето води кон грешки, а спознавањето подоцна доведува до каење. Богатството во животот и неговата најголема награда лежи во мудроста и во мирот во душата, а понекогаш најтешко е да ги разбереме своите постапки и да си опростиме сами на себе.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар