6 причини поради кои треба да почнете да пишувате дневник

Веројатно не можете да се сетите кога последен пат сте напишале нешто само за своја душа. Некои дневници се вбројуваат меѓу најпознатите дела во светската книжевност. Пишувајќи се запознавате себеси, а ние ви нудиме уште 6 причини за да почнете да ги исполнувате овие магични страници.

1. 6-prichini-poradi-koi-treba-da-pochnete-da-pishuvate-dnevnik-kafepauza.mk

Ако сте истражувале по старите ормани на вашите мајки и баби сигурно сте наишле на дневници полни со стихови. Многу пати во филмовите сме гледале дневници кои кријат многу тајни и подоцна го менуваат текот на животот. Тие навистина можат да бидат магични и во нив секогаш ќе имате најдобар пријател.

1. Спомени

Со пишувањето дневник ќе забележувате некои детали кои обично би ги заборавиле во морето од информации кои секојдневно ги добивате. Еден ден кога ќе ги отворите старите страници ќе се смеете сами на себе и повторно ќе уживате во случувањата и емоциите кои детално сте ги опишале, а читајќи ги одново ќе ги доживеете.

2. Увид во промените

Прелистувајќи наназад во дневникот ќе можете да ја забележите разликата помеѓу вашите карактеристики и ставови кои сте ги имале пред неколку години и оние кои ги имате денес. Некои работи и размислувања сигурно ќе ве насмеат, но од ретроспективата која ќе ја направите ќе можете многу да научите за себе. Ќе можете да забележите дали и колку сте напредувале или назадувале.

3. Пријател

Малата, убаво украсена тетратка понекогаш може да биде вашиот најдобар пријател. Со неа навистина ќе можете да споделувате и добро и лошо. Некои работи не сакате или не можете да ги споделите со никого. Поради тоа вашиот дневник ќе ви биде пријател кому секој ден ќе можете да му го „кажете“ тоа што ви се случило. Понекогаш е најважно да имате некого со кој ќе можете да бидете во тишина и каде што никој нема да ве осудува.

2.-6-prichini-poradi-koi-treba-da-pochnete-da-pishuvate-dnevnik-kafepauza.mk_

4. Креативност

Во споменарот не мора да има само напишани редови. Вистина е дека на тој начин ќе ја вежбате својата писателска умешност, но напишаното секогаш може да се збогати со цртежи, стихови, украси, разни бои и слично. Можеби ќе сфатите дека имате некој талент за кој не сте знаеле дека постои.

5. Ослободување на товарот

Колку често сте биле во ситуација кога сте мислеле дека мозокот ќе ви експлодира од мислите? Кога во главата ви се случува хаотичен рој од мисли, најдобро е да се обидете проблемот да го претставите со една реченица. Така ќе ви биде појасно за што се работи. Плус, на овој начин нема да ја покажувате својата ранливост пред другите.

6. Трага за иднината

Како што вие сте ги читате дневниците на вашите баби и мајки и на тој начин сте дознале многу нешта за нив, така еден ден вие можете да им го подарите вашиот дневник на своите деца и на нивните деца. Тоа нека биде дел од вас кој ќе го оставите за иднината затоа што никогаш не знаете за што сè може да послужи.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар