6 правила за поздрава исхрана во 2018 година

Почетокот на годината е нова прилика за од корен да го промените начинот на размислување за исхраната. Нема потреба да го промените целиот ваш живот. Доволно е да се држите до овие 6 неверојатни и едноставни правила за исхрана и да ја направите 2018-та најздравата година досега.

6 правила за поздрава исхрана во 2018 година

1. Избегнувајте засладени пијалаци

Газираните пијалаци, соковите и спортските пијалаци го покачуваат нивото на инсулин. Она што е најлошо е што не содржат влакна, протеини или масти кои се неопходни за оптимално ниво на шеќер во крвта. Во главно, тие се 155 калории ѓубре. Заменете ги со вода со краставица или лимон.

2. Направете место за секој оброк

Наместо постојано да грицкате нешто, јадете на секои 3 до 4 часа. Планот за оброци нека содржи појадок, ручек, ужина од 200 калории со интегрални житарици, протеини и свежи производи, како и вечера. Со овој начин на исхрана нивото на шеќер во крвта ќе биде нормално и ќе делува превентивно против прејадување и желбата за нездрава храна.

3. Јадете зеленчук во неограничено количество

Јадете порција зеленчук барем 2 пати дневно, најмногу спанаќ, кељ и блитва. Овој оброк е нискокалоричен со голем број хранливи материи и влакна кои го забрзуваат метаболизмот. Можете да направите смуди од зеленчук или да го испечете.

4. Збогувајте се со пржената храна

Целосно исфрлете ја пржената храна. Таа е лоша и за вашето срце и за вашата линија. Во исхраната вметнете варена храна, пилешко и риба. За да го подобрите вкусот можете да користите секакви зачини или некој неутрален сос.

5. Откажете се од алкохолот на еден месец

Можеби не ви звучи забавно, но алкохолот е одговорен за задржување на 73% од мастите во телото. Обидете се да не пиете алкохол 30 дена. Ова ќе ви помогне целосно да се откажете од него, или барем да намалите со пиењето.

6. Засилете ја вашата мотивација

За да издржите до крај, одберете настан кој ќе ве мотивира. Тоа може да биде некоја прослава, учество во маратон и слично. Бидете реални со вашите очекувања и вооружете се со трпеливост. Со здрава исхрана можете да губите од 0,5 до 0,8 килограми неделно. А за учество во маратон ќе ви бидат потребни најмалку 3 месеци тренинг, упорност и дисциплина.

Погледнете и како да престанете да јадете брза и нездрава храна.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар