6 пораки што вашето тело ви ги испраќа преку зголеменото потење

6 пораки што вашето тело ви ги испраќа преку зголеменото потење

Честопати ве облева пот, без разлика на тоа кое годишно време е и колку е температурата надвор? Можеби е време да го послушате вашето тело и да сфатите што сака да ви порача со зголеменото потење.

1-6-poraki-koi-vi-gi-isprakja-vasheto-telo-so-zgolemenoto-potenje-www.kafepauza.mk_

1. Под стрес сте

По мирисот на потта лесно можете да препознаете дали сте под стрес. Кога ни е топло, се активираат екрините жлезди што се лоцирани низ целото тело и произведуваат пот која најчесто се состои од вода и сол, без изразен мирис. Кога сте под стрес, потта ја произведуваат апокрините жлезди кои се наоѓаат само на одредени делови во телото, односно под пазувите. Таа пот се состои од маснотии и протеини кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и така се создава непријатен мирис.

2. Ширите позитива или страв

Истражувањата покажале дека луѓето во вашата близина може да препознаат што чувствувате по мирисот на вашата пот. Во еден експеримент 36 жени морале да помирисаат 12 машки примероци на пот кои пред тоа имале за задача да изгледаат филмови кои ќе ги насмеат или ќе ги преплашат. Кога жените ја помирисале потта на преплашените мажи, мирисот им предизвикал слична реакција на страв и гадење. Кога ја помирисале потта на среќните мажи, тој мирис во нив предизвикал блага реакција и насмевки.

3. Ви се заканува опасност од топлотен удар

Ви се случило ли некогаш во текот на топлото лето да почувствувате дека повеќе не се потите и започнува да ви се врти? Тоа што сте го доживеале се нарекува анхидроза, состојба во која не можеме нормално да се потиме поради што нашето тело не може да се „олади“. Ако во тој момент веднаш не го хидратизирате вашето тело со вода, ви се заканува опасност од топлински удар. Застанете под сенка или благо климатизирана просторија и испијте чаша вода. Никако немојте да пиете алкохолни пијалаци или напивки со кофеин, бидејќи тие предизвикуваат дехидрација.

2-6-poraki-koi-vi-gi-isprakja-vasheto-telo-so-zgolemenoto-potenje-www.kafepauza.mk_

4. Ви паднал шеќерот во крвта

Зголеменото потење е еден од симптомите за нагло паѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно ќе го решите со консумирање чоколадо или некоја друга слатка која ќе ви се најде при рака.

5. Бремени сте или влегувате во менопауза

Ако постои можност да сте бремени или сте пред менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокринот систем може да предизвикаат зголемено потење. Токму тоа им се случува на поголемиот дел од жените кои влегуваат во менопауза и се борат со топлотните бранови. Слична работа се случува и на почетокот од бременоста. Тогаш хормоналните промени предизвикуваат промена во „термостатот“ во мозокот, заради кој топлината можете да ја почувствувате дури и во доста климатизирана просторија и да започнете да се потите.

6. Имате хипердриоза

Ако не можете да ја пронајдете причината за вашето зголемено потење, посетете го вашиот доктор, бидејќи има можност да имате хипердриоза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење кое ги преминува нормалните потреби на терморегулација на телото. Луѓето кои имаат хипердриоза се потат во моментите кога нема потреба, на пример кога седат во потполно мирна и ладна просторија. Нивното потење е прекумерно до ниво каде што во таквата ситуација потта ќе им се цеди од дланките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар