6 одлични јога пози кои ги намалуваат болките во грбот

Болките во грбот се како епидемија на 21-виот век. Поради долгото седење на компјутер и намаленото движење, голем дел од населението страда од овој проблем. За среќа, јогата може многу да ви помогне во намалување на овие болки. Наместо да користите лекови, доволно е да направите неколку јога вежби за да чувствувате подобро. Овие 6 вежби се одлични за вашиот грб и за намалување на болката.

1. Гулаб со една нога (Eka Pada Rajakapotasana)

(1)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mk

Можеби оваа поза не изгледа како вежба за грб, но со неа ги истегнувате вашите колкови, а ова може да ви помогне со болката во долниот дел од грбот. Свиткајте го вашето лево колено и ставете ја ногата пред вас. Десната нога нека биде испружена назад. Држете се исправени со вашите раце. Повторете и со другата нога.

2. Поза на дете (Utthita Balasana)

Оваа поза ги истегнува вашите колкови и вашиот грб. Застанете на сите 4, а рацете поставете ги малку напред. Седнете на вашите пети. Додека ја изведувате позата дишете длабоко.

3. Мачка/крава (Bitilasana)

Оваа поза ви го масира ‘рбетот и ја зголемува неговата флексибилност. Застанете на сите 4 и прво извијте го грбот нагоре, а потоа спуштете го надолу.

4. Наведнување нанапред (Paschimottanasana)

(4)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mk

Седнете и испружете ги двете нозе напред. Вдишете и кренете ги рацете нагоре. Издишувајќи наведнете се нанапред и обидете се да ги фатите стапалата. Вратете се во почетната положба и издишувајќи спуштете ги рацете.

5. Куче свртено надолу (Adho Mukha Svanasana)

95)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mk

Ова е можеби најпознатата јога поза. Застанете на сите 4, раширете ги прстите на рацете, а нозете поставете ги во ширина на колковите. Издишувајќи притиснете го подот и подигнете ги колковите за да застанете на стапалата и на дланките. Обидете се да ги исправите нозете, но ако не можете во ред е и со свиткани колена.

6. Куче свртено нагоре (Urdhvamukha Shvanasana)

(6)6-odlichni-joga-pozi-koi-gi-namaluvaat-bolkite-vo-grbot-kafepauza.mk

Легнете на стомак и свиткајте ги лактите, а дланките нека ви бидат во близина на половината. Раширете ги прстите и подигнете ги рамењата и главата нагоре.

Други природни начини за намалување на болката во грбот

Вежби за грбни мускули

Мускулите на вашиот грб го поддржуваат долниот дел од ‘рбетот. Постојат многу едноставни вежби кои можете да ги правите. Кога ќе ги зајакнете мускулите на грбот ќе го намалите ризикот од повреди.

Вложите во удобност

Направете го работно место поудобно. Инвестирајте во удобен стол кој ќе ви помогне правилно да седите. Исто така, денес се познати и работните маси за стоење кои ќе ви помогнат да го намалите седењето во текот на денот.

Ослабете

Кога ја зголемуваме нашата тежина, ние додаваме притисок на долниот дел од грбот. Оваа тежина може да има лошо влијание на ‘рбетниот столб и на нервите. Намалете некој килограм за да го намалите и притисокот на грбот.

Истражувањата и анализите покажале дека луѓето кои страдаат од болка во грбот и кои редовно практикуваат јога, имаат поголеми шанси да се ослободат од овој проблем и да ја подобрат нивната подвижност. Ова е одличен метод за лечење кој го користат многу луѓе од сите возрасти.

Погледнете ги и јога позите кои ќе ви помогнат да ја излечите главоболката.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар