6 нешта за кои мора да престанат да размислуваат сите оние кои премногу се грижат

6 нешта за кои мора да престанат да размислуваат сите оние кои премногу се грижат

Постојат луѓе кои ги поминуваат своите денови без ниту една грижа да прелета низ нивните мисли. Тие уживаат во сите оние нешта кои ги прават, горди се на своите одлуки и стојат цврсто зад своите ставови. Тие не дозволуваат да бидат водени од други луѓе, ниту пак нивниот живот да биде под влијание на непотребните грижи. Но, постојат и луѓе кои едноставно не можат да престанат да се грижат дури и за најмалите ситници во нивниот живот. Доколку и вие сте едни од нив, погледнете ги следниве 6 нешта кои трошат најголем дел од вашата енергија и кои конечно треба да најдете начин како да ги исфрлите од вашите мисли…

6 нешта за кои мора да престанат да размислуваат сите оние кои премногу се грижат

1. Дали сте или не сте одговорни за емоциите на другите луѓе?

Оваа мисла е една од најсилните извори на анксиозност кај оние личности кои претерано се грижат. Бидејќи тие имаат навика да ги игнорираат своите вистински чувства со цел некако да не ги повредат оние кои ги сметаат за блиски, најголем дел од својата енергија ја трошат на тоа да не направат другите да се чувствуваат лошо. Ова однесување води кон неизбежен умор и негативни чувства.

2. Што другите мислат за она што го правите?

Без разлика дали станува збор за вашиот приватен или професионален живот, доколку вие уживате во она што го правите, едноставно нема потреба да се грижите за она што другите ќе го помислат или кажат. Вие сте слободни да правите сопствени избори, кои не се под влијание на општото „сфаќање“ за она што треба да го прави еден маж или жена на ваше место.

3. Дали се исхранувате правилно?

Не постои еден единствен начин кој води до здравје, ниту пак до здрав изглед. Наместо постојано да се грижите дали правило се исхранувате, фокусирајте се на вашите вистински цели за здравјето: зацврстување на телото, чистина на умот и јадењето на онаа храна која вашето тело и ум ја бараат.

4. Што другите мислат за изборите кои ги правите?

Доколку сакате да водите здрав живот, вие мора да се ослободите од сите оние луѓе кои постојано ги осудуваат одлуките кои ги доведувате за вашиот живот, како на пример, каде да се запишете на факултет, што да учите, каде да живеете, како да живеете, што да јадете… Тие со овие осуди се обидуваат да го наметнат нивното мислење во вашите одлуки. Вам најважна треба да ви биде вашата добросостојба, па токму затоа треба да престанете да се грижите што другите мислат за оние работи кои ве прават навистина среќни.

5. Дали сте доволно добри за луѓето во вашиот живот?

Оваа мисла најчесто доаѓа од стравот од напуштање, па токму затоа постојано се појавува во мислите на оние луѓе кои премногу се грижат. Вие треба да научите како целосно да ја отфрлите оваа мисла од вашата глава, доколку сакате да останете позитивни и среќни. Доколку го сторите тоа, нема претерано да трошите време и енергија во правењето нешта со цел да бидете повредни во очите на вашите најблиски. Токму тогаш ќе откриете и колку навистина ве сакаат и ценат тие.

6. Дали вашето семејство ги одобрува вашите постапки?

Понекогаш нашето семејство знае да ги прескокне границите кои сме ги поставиле заеднички и целосно да ја преземе контролата врз нашиот живот од страв да не доживееме неуспех или да не ги достигнеме очекувањата кои тие ги замислиле. Но, вие треба да сфатите дека вашето семејство може да има свое мислење за вас, но вие сте оние кои сте одговорни за сопствената среќна. На крајот на краиштата, оние кои навистина ве сакаат и почитуваат со тек на време ќе прифатат дека вашата сила се крие токму во вашите избори, а не во правењето на оние нешта кои тие мислат дека се најдобри за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар