6 намирници за поздрава коса и поцврсти нокти

6 намирници за поздрава коса и поцврсти нокти

Автор: Зорица Тодорова

Чекањето да пораснат вашите нокти и коса знае да биде многу фрустрирачко. Ако не ја консумирате правилната храна, едноставно чекате напразно. Бидејќи и ноктите и косата се составени од креатин, постојат неколку намирници што може да ги вметнете во начинот на исхрана кои ќе го поттикнат неговото делување. Колку поздраво се храните, толку подобро ќе функционира вашето тело. Затоа, следниот пат кога ќе одите во супермаркет, ставете ги и овие намирници на вашата листа.

0-6-namirnici-za-pozdrava-kosa-i-pocvrsti-nokti-kafepauza.mk

1. Млеко

Истражувањата покажуваат дека одредени недостатоци на железо, цинк, биотин и протеини може да доведат до опаѓање на косата, како и вдлабнатини и кршливост на ноктите. Затоа е најдобро да консумирате храна богата со сите овие состојки како што е млекото. Тоа е одличен извор на протеини, калциум, витамин Д и биотин. Биотинот ќе ја направи вашата коса многу мека.

1-6-namirnici-za-pozdrava-kosa-i-pocvrsti-nokti-kafepauza.mk

2. Јајца

Вашата коса (која расте околу 1 см секој месец) е всушност 97% протеин, што значи дека мора постојано да го „надополнувате“ вашето тело со тие протеини кои ги има во јајцата за да ги поттикнете клетките да растат и да се обновуваат. Јајцата се исто така богати со биотин и железо.

B4B4H9

3. Лосос

Омега-3 масните киселини ја прават вашата коса поцврста, а вашиот скалп со помалку првут. Тие исто така им помагаат на вашите нокти (кои растат околу 3 милиметри секој месец) да бидат помалку кршливи. Бонус: лососот е исто така полн со биотин, неопходен Б витамин за косата и скалпот.

3-6-namirnici-za-pozdrava-kosa-i-pocvrsti-nokti-kafepauza.mk

4. Лиснат зеленчук

Кељот, спанаќот, блитвата и други темнозелени зеленчуци се полни со витамините Ц и А кои се одлични за вашето здравје. Тие се многу важни за произведувањето колаген, кој пак ги зацврстува крвните садови. Витаминот Ц е исто така важен за апсорбирање на железото (кое го добивате од јајцата), а витаминот А го поттикнува растот на косата.

4-6-namirnici-za-pozdrava-kosa-i-pocvrsti-nokti-kafepauza.mk

5. Портокалово и жолто обоен зеленчук

Зеленчуците богати со витамин А како морковите, тиквата и благите компири ќе ги направат вашите нокти сјајни и помалку суви. Тие се исто така полни со антиоксидансот бета каротен кој му помага на вашето тело да го преобрази витаминот А во видливо здрава кожа. Употребувајте ги често во вашата исхрана и ќе се збогувате со нездравите нокти!

5-6-namirnici-za-pozdrava-kosa-i-pocvrsti-nokti-kafepauza.mk

6. Вода

Не е храна, но редовното пиење вода е исто така многу важно за здравјето на вашите нокти и коса. Хидратацијата е од големо значење за правилното одвивање на функциите на вашето тело. На тој начин сите хранливи материи се пренесуваат до секоја фоликула на ноктите и косата.

6-6-namirnici-za-pozdrava-kosa-i-pocvrsti-nokti-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар