6 начини на кои можете самите да си помогнете кога се чувствувате ментално исцрпени

6 начини на кои можете самите да си помогнете кога се чувствувате ментално исцрпени

На еден или на друг начин, секој човек повремено се чувствува исцрпено и му е потребен одмор. Не е погрешно да мислите дека ви треба еден, два или три дена за добро да се одморите и да ги наполните своите батерии, но, кога се чувствувате ментално исцрпени, тоа не е секогаш најефективниот метод за лекување, туку напротив, во зависност од ситуацијата, тоа може дури и да ви ја влоши состојбата. Наместо да лежите во креветот, погледнете ги овие ефикасни начини да го наполните вашиот ум кога ќе се чувствувате изморени.

6 начини на кои можете да си помогнете самите кога се чувствувате ментално исцрпени

Променете ја вашата рутина

Може да биде навистина тешко да не паднете во секојдневната рутина. Вие секојдневно повторувате одредени работи, но избегнувањето на тие рутински активности може да биде навистина добар начин за да се ослободите од менталната исцрпеност. Поставете си цел да правите нешто сосема ново барем еднаш неделно, а доколку се чувствувате доволно подготвени, можете да правите нешто ново и на дневна основа. Не мора да барате нешто сложено и тешко, доволно е една едноставна активност или пак да го промените начинот на кој ги извршувате вашите обврски. Имајте на ум тоа да биде нешто во што уживате и што ви ја храни душата. Кога вашиот ум ќе биде отворен за нови начини на размислување, тогаш во иднина ќе можете да бидете многу посреќни.

Пишувајте дневник

Дневникот е одличен начин да го намалите стресот и да го искажете на хартија. Оваа навика е навистина корисна затоа што ви дава можност да погледнете наназад и да го согледате напредокот во вашиот живот. Тоа исто така ја поттикнува вашата креативност, самодовербата и слично. Но, не треба да се чувствувате под притисок дека секојдневно морате да ги запишувате случувањата. Пишувајте само тогаш кога ќе имате потреба или ќе се чувствувате подготвени за тоа, но практикувајте ја оваа активност барем неколку пати неделно и со текот на времето ќе сфатите дека тоа ви е од голема помош.

Медитирајте

Денес стресот е неизбежна појава, имајќи го предвид брзиот и напорен живот. Но, можете да заштедите многу од вашето здравје, време и пари, доколку научите да се грижите за себе преку медитација. Всушност, таа има моќ да го намали стресот, да го зајакне имунитетот, да го подобри спиењето и да ја зголеми среќата. Сѐ што ви треба е да одвоите барем пет минути на ден и со текот на времето ќе ја забележите целокупната ментална корист.

6 начини на кои можете да си помогнете самите кога се чувствувате ментално исцрпени

Преиспитајте ги вашите врски

Врските се многу важни во животот, но уште поважно е да се обидете да се сетите како тие ви влијаат и да ги процените дали се навистина здрави. Така преиспитувајќи ги, можете да откриете дека некои врски во вашиот живот се токсични и дека ве попречуваат во вашиот развој и достигнување успех. Можеби ќе мислите дека е тешко да ги прекинете тие односи, затоа што честопати сметате дека ви е удобно таму, но, за жал, тие може да станат нешто „нормално“ во вашиот живот, па нема да сфатите колку негативно може да влијаат на вашиот ум. Најдете време за да ги преиспитате сите врски, затоа што тоа е од суштинско значење ако сакате да откриете дали тие додаваат вредност во вашиот живот. Не вложувајте во нешто што не вреди, тоа нема да ви донесе ништо корисно!

Вежбајте

Вежбањето исто така е многу корисно во моментите кога ќе се чувствувате ментално исцрпени. Не мора да имате членство во теретана за да бидете активни. Денес, речиси сечиј распоред е преполн со обврски, но мора да најдете барем 20 минути дневно за да вежбате, па ќе ја воочите разликата. Повеќе студии ја покажуваат користа од вежбањето за зголемување на концентрацијата и менталниот фокус. Со 20-минутните вежби вие ќе го зголемите протокот на крв во мозокот, а со тоа ќе го подобрите и вашето расположение, креативност и меморија.

Ослободете се од вашето его, негувајте ја вашата душа

Чувството дека сте постигнале нешто во вашата кариера не мора да значи дека секогаш ќе ви носи радост. Трошењето неколку дополнителни часови на работното место може да биде навистина продуктивно, но доколку потоа се чувствувате ментално исцрпени, тогаш ја немате потребната корист. Дозволете си да уживате во спонтаните нешта, договорете викенд со вашите пријатели, излезете на шопинг, или пак вечерајте со вашето семејство. Најдете време за малите нешта, затоа што животот навистина е краток!

6 начини на кои можете да си помогнете самите кога се чувствувате ментално исцрпени

Погледнете ја и оваа ментална вежба со свеќа која ќе ви помогне да ги согледате вашите приоритети во животот и да се чувствувате посреќно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Sashko Reply

    Pocituvana, prijatno sum iznenaden od vas, zashto vo ova deneshno ludilo, nikoj ne obrakja vnimanie na ovie vazzni temi za zivotot. Mislam deka ste mnogu gina lichnost i bi sakal da sum Vash prijatel. Golem pozdrav, Sashko.

Остави коментар