6 начини брзо и едноставно да го излечите мамурлакот

Се разбира треба да се ограничиме на 1 до 2 пијачки дневно, но во реалноста тоа не е секогаш возможно. Додека умереното пиење е во ред, дополнителната чаша алкохол може да ви направи многу проблеми следното утро. Но ова не значи дека целиот ден треба да ви биде уништен. Погледнете некои методи кои ќе ви помогнат да се справите со мамурлакот.

6-nachini-da-go-izlechte-mamurlakot-kafepauza.mk

1. Рехидрирајте се

Сериозниот мамурлак обично значи дека сте многу дехидрирани. Алкохолот го поттикнува губењето на течности, па дури и ако сте испиле многу вода минатата ноќ, пак ќе бидете дехидрирани. Токму поради ова мамурлакот прави да се чувствуваме лошо. Дехидратацијата прави да се чувствувате уморно и слабо. Исто така ја попречува работата на црниот дроб, а тоа сигурно не е добро кога треба да се преработи многу алкохол.

2. Испијте течен оброк

Ако не можете да јадете, направете си некое смуди. Тоа ќе ви овозможи Б витамини кои му помагаат да вашиот црн дроб и исто така ќе ве рехидрира. Течните оброци се обработуваат многу полесно, па побрзо ќе ги добиете хранливите материи од нив.

3. Испијте мултивитамин

Покрај смудито и водата, испијте и еден мултивитамин. Алкохолот исфрла некои хранливи материи надвор од вашиот систем, како витамин Б12. Овие витамини не само што го поддржуваат протокот на крвта, што е клучен за исфрлање на токсините од вашиот црн дроб, туку тие ги подобруваат и вашите метаболизам и енергија, нешто што сигурно ви недостига кога сте мамурни. Покрај витамините, мултивитамините имаат и некои други хранливи материи кои ќе ви помогнат да се вратите во нормала.

4. Спречете го гадењето со ѓумбир

Ѓумбирот е одличен за намалување на гадењето, без разлика дали е поврзано со алкохолот или не. Ѓумбирот го смирува вашиот стомак, и се бори со гадењето и повраќањето. Исто така ѓумбирот помага при намалувањето на морската болест, без разлика дали сте на брод, воз или пак нагло сте станале од креветот.

5. Пробајте техника за опуштање

Доколку сте мамурни, сигурно не ви се прави ништо. Но малку грижа за себе може многу да ви помогне. Обидете се да се релаксирате и да го исчистите вашиот ум. Покрај смирувањето, опуштањето ќе ви помогне и ако имате главоболка.

6. Одете во кревет

Се разбира, оваа опција не е секогаш достапна, но спиењето е најдобриот лек за мамурлак. Враќањето во кревет откако сте испиле неколку чаши вода му помага на вашето тело да закрепне. Вашиот црн дроб ќе работи подобро при елиминирањето на токсините, а ќе ја преспиете и најлошата главоболка. Дури и ако немате време, обидете се барем да дремнете.

Погледнете ги и најдобрите природни лекови за мамурлак.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар