6 модни грешки поради кои изгледате непрофесионално на работното место

6 модни грешки поради кои изгледате непрофесионално на работното место

Можеби мислите дека никој не обрнува внимание на тоа како се облекувате на вашето работно место, но бидете сигурни дека тоа не е така. Иако секој од нас има свој личен стил, кога е во прашање работното опкружување, постојат некои работи кои не се соодветни за него. Сè уште не знаете за што зборуваме? Неколку важни имиња од моќните компании од модната индустрија, го открија своето мислење за тоа кои стилови и парчиња облека ги сметаат за непрофесионални, а ние врз основа на нивните одговори составивме листа од шест најголеми грешки.

1-kazhete-im-zbogum-na-ovie-naviki-6-greshki-poradi-koi-kje-izgledate-neprofesionalno-www.kafepauza.mk_

Грешка број 1

Старомодното облекување е најголемото модно кривично дело, кое можете да го направите на работното место. Облекувањето во согласност со времето во кое што живеете е еден од облиците на добри манири.

Грешка број 2

Премногу шминка, прекратки фустани и здолништа, покажувањето премногу кожа и неможноста за правилно одење на високи потпетици.

Грешка број 3

Тексас… Кое било парче облека од тексас оставете го за во вашето слободно време.

Грешка број 4

Облекувањето премногу брендирана облека е апсолутно непосакувано, а ова особено важи кога треба да одите на интервју за работа или во првите работни денови. Мора да посакувате во центарот на вниманието да се наоѓа вашата работа, а не вашиот скапоцен стил.

Грешка број 5

Облеката не изгледа чисто, негувано и примерно за вашата позиција. Понекогаш некое парче нема добро да го комбинирате или да го носите како што сте го замислиле, но вашата облека и додатоци мораат да бидат чисти и уредни.

Грешка број 6

Не усогласувањето на вашиот стајлинг со фирмата во којашто се пријавувате за работа, е една од најголемите грешки кои можете да ги направите. Униформите се одамна заборавена работа во поголемиот број компании, освен во банките. Обидете се да не изгледате како модна жртва, туку како некој кој сака да ги следи трендовите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар