6 лажни верувања во кои сингл жените всушност веруваат

6 лажни верувања во кои сингл жените всушност веруваат

Пронаоѓањето на вистинскиот партнер не е лесна работа. Иако тоа не го мислиме, можеби понекогаш вистинскиот проблем е во нас, бидејќи поради лажните верувања не успеваме да ја пронајдеме вистинската личност. Погледнете ги овие шест лажни верувања и начините на коишто може да ги промените за потоа полесно да пронајдете искрена, едноставна и вистинска љубов.

1-shest-lazhni-veruvanja-vo-koi-vsushnost-singl-zhenite-veruvaat-www.kafepauza.mk_

1. Мислите дека на мажите им се допаѓа одреден тип жени

Ако идеализирате одреден тип жени, најверојатно ќе помислите дека и мажите мислат исто како вас. Меѓутоа не сте во право. Кога се жените во прашање, мажите имаат различни вкусови, а што е најважно, тие не сакаат ограничени жени. За нив најважно е жената да се чувствува добро во своето тело и да е сигурна во својот изглед и интелигенција. Ако и самите го имате овој проблем, почнете да работите на вашата самодоверба.

2. Споредувањето со други жени

Споредувањето е нешто најлошо што може да го направите, бидејќи најчесто ќе завршите со омаловажување на сопствениот изглед и вредност. Без разлика дали се сметате за подобри или полоши од другите, негативноста и љубомората ќе бидат вкоренети во несигурноста и недостатокот на љубов кон себе. Почнете поразлично да гледате на луѓето околу себе. Фокусирајте се на нивните (но, и на вашите) добри и убави страни. Не срамете се да им дадете комплименти, па така ќе се гледате и себеси во подобро светло.

3. Сметате дека мора да глумите за да го привлечете совршениот маж

Најголем проблем е кога сметате дека не сте доволно добри и дека мора да глумите за да го привлечете вниманието на мажот кој ви се допаѓа. Меѓутоа, единствен начин за да создадете трајна, издржлива и безусловна врска, полна со љубов, е да бидете она што навистина сте. Ништо друго нема да го задржи покрај вас. Дадете си шанса да бидете весели и опуштени. Не постои ништо попривлечно од жена која знае колку вреди и која знае што сака.

2-shest-lazhni-veruvanja-vo-koi-vsushnost-singl-zhenite-veruvaat-www.kafepauza.mk_

4. Имате зацртано како треба да изгледа вашиот идеален маж

Сигурно, најдобро е да пронајдете партнер кој е добар во сè. Меѓутоа, за тоа шансите се многу мали. Можеби во вашата глава имате слика како тој треба да изгледа и не сакате ништо друго освен тоа. Наместо да се фокусирате на неговиот физички изглед, фокусирајте се на неговиот карактер. Неговата страст и амбиции се многу поважни од работата која ја работи (која можеби и не го прави среќен). Наместо совршени физички атрибути, побарајте маж кој поседува развиен и отворен дух. Фокусирајте се на квалитетите кои се кријат под површината, бидејќи токму тие ќе влијаат за вашиот заеднички живот да биде онаков каков што сакате.

5. Вашиот збор мора да биде последен

Играњето игри не е интересно во долгите врски, бидејќи создава чувство на недоверба и конкуренција. Кога помеѓу партнерите постои вечна борба за тоа кој да го има главниот збор, тука мора да постои страв од ранливост. Тоа е поради тоа што сметате дека само со контрола и доследност може да ја докажете својата надмоќ. Меѓутоа она што е поверојатно дека ќе се случи е дека тој ќе стане незаинтересиран и ќе замине, а вие ќе останете со скршено срце. Наместо тоа, пробајте да бидете на иста страна, да пронајдете компромис и двајцата подеднакво да давате и да примате. И после сè, ако пробате, ќе сфатите дека е одлично чувството да се восхитувате, но и да бидете предмет на восхит.

6. Мислите дека е доцна за сè

Ако самите себе се убедите дека сте ја пропуштиле шансата, ќе дојдете во ситуација каде што ќе престанете да се надевате. Во суштина, самите си велите дека она што навистина го сакате не може да го имате. Самите себе се одбивате уште пред да имате прилика да бидете одбиени. Заборавете на старите навики и почнете да мислите позитивно. Убедете се дека на светот постои личност која ве чека само вас. Заборавете на грижата и започнете да верувате дека и вам ќе ви се случат добри работи. Љубовта не може да се испланира, таа се сама се случува. И додека го чекате оној „вистинскиот“, пробајте да остварите подобра и поубава врска со себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар