6 креативни начини да направите јајце на око

Јајцето на око е омилен појадок на огромен број луѓе ширум светот, но ако пречесто го јадете, ќе ви досади. За да не се случи тоа, применете некој од овие кул начини да си приготвите уникатно јајце на око во облик на круг, цвеќе или срце, кои не само што изгледаат интересно, туку имаат и одличен вкус. Бонус: вашите гости ќе бидат воодушевени од креативноста. :)

1. Јајце на око во прстен од кромид

Доколку сакате да си приготвите јајце на око во совршен кружен облик, на загреано масло во тавче ставете прстен од кромид со дебелина од околу 1 см и оставете го малку да се испржи. Потоа искршете едно јајце во средината. Сипете малку масло врз јајцето, оставете го да се испржи на средна температура, а доколку сакате да биде пржени од двете страни, обидете се да го превртите неколку пати. На крај, зачинете со сол и бибер и послужете го со лепче и домат.

6 креативни начини да направите јајце на око

2. Јајце на око во резанка од бабура

За да зготвите јајце на око во интересен, цветен облик, исечете резанки од широкиот крај на бабурата, загрејте малку масло на тава, ставете ги парчињата во неа и во секое ставете по едно резанче патлиџан. Потоа искршете по едно јајце во секое од парчињата бабура и гответе ги на тивок оган, додека не се испржат. На крај додадете и зачини по ваш избор: сол, бибер, оригано, сечкан власец…

6 креативни начини да направите јајце на око

3. Јајце на око во виршла

За да подготвите вкусен романтичен ручек за вашиот партнер, подгответе јајце во срце, направено од виршла. Сварете виршли и потоа исечете ги на половина, оставајќи го врвот споен. Со помош на вашите раце, обликувајте ги двата дела од виршлата во форма на срце и поврзете го аголот со помош на чепкалка. На загреано масло ставете ги срцата и во секое од нив скршете по едно јајце, оставете го да се испржи на средна температура и послужете го со двопек и зачинето по ваш вкус.

6 креативни начини да направите јајце на око

4. Јајце на око во авокадо

Направете си уникатно јајце на око во парче авокадо, за да добиете кремаст, необичен и убав вкус кој се памети. На загреано масло ставете го парчето авокадо и во него искршете едно јајце. Почекајте неколку минути да се испржи на средна температура и на крај декорирајте со зелено кромитче и црвена бабура.

6 креативни начини да направите јајце на око

5. Јајце на око во парче леб

За да си направите ваков креативен појадок кој честопати во рецептите се наоѓа под името „јајце во птичјо гнездо“, најпрво ќе ви треба парче леб за тост. Со калапче за колачи отсечете го средишниот дел од лебот. Потоа пуштете ја ринглата на средна температура и во тавата ставете 1 лажица путер да се растопи. Ставете го лепчето во тавата и во средишниот дел искршете едно јајце. Не поместувајте го лепчето околу 30 секунди. Потоа посолете го јајцето со сол и бибер, превртете го со шпатула и од задната страна ставете сол и бибер. Мрдајте со лепчето низ тавата за да го впие преостанатиот путер. Јадењето ќе биде готово кога лепчето ќе добие златеста боја и жолчките ќе се згуснат, но треба да останат малку течни.

6 креативни начини да направите јајце на око

6. Јајце на око во кора од портокал

Ова е одличен рецепт доколку сте љубители на кампувањето. Сè што ви е потребно е портокал и јајце. Пресечете го портокалот на половина и извадете го средишниот дел, за да остане само кората. Скршете едно јајце во кората и печете на жар околу 4-5 минути. Влажноста на кората од портокалот спречува јајцето да загори и му додава убав, свеж вкус.

6 креативни начини да направите јајце на око

Погледнете ја постапката во видеото:


 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар