6 клише, но вистинити нешта кои мора да ги направите ако сакате да пронајдете љубов

Она што клишеата ги прави клишеа е тоа што сите ги кажуваат, а никој не слуша, или уште полошо – никој не ги разбира. Знаеме дека се вистинити, но сепак секогаш нешто нѐ спречува да ги проживееме, а кога ќе ги проживееме тие преминуваат од клишеа во важни вистини. Во светот на љубовта постојат неколку вакви важни вистини.

0-6-klishe-no-vistiniti-neshta-koi-mora-da-gi-napravite-ako-sakate-da-pronajdete-ljubov-kafepauza.mk

1. Мора да се борите за љубовта како што се борите за кариерата

Не можете да бркате личност како што би бркале работа и не можете да ги убедите да ве сакаат како што би можеле да убедите некого дека сте квалификувани за некое работно место.

Сепак кога станува збор за обидувањето – да одите на состаноци и да ѝ се отворате на личноста која седи до вас во кафулето, тогаш сфаќате дека тој потенцијал е ист т.е. ако го сакате нештото секогаш мора да се борите за да го добиете.

2. Мора да правите жртви

Сите мислат дека се исклучокот од ова правило, односно дека за нив би било незамисливо дури и да размислат да жртвуваат одредено време, труд или енергија за врска во која уживаат или за професија од соништата која е значајна во денешното општество. Но, не се.

Постојат толку часови во денот и постои толку многу кафе што ќе ви ја даде потребната енергија. Но на крајот, мора да се одлучите од што ќе се откажете за да направите место за нешто ново во вашиот живот – нешто, што, барем на почетокот ќе ви одзема многу време.

3. Потребно е да почувствувате многу љубов во животот пред да имате љубовен живот

1-6-klishe-no-vistiniti-neshta-koi-mora-da-gi-napravite-ako-sakate-da-pronajdete-ljubov-kafepauza.mk

Многу нормално дека уште на самиот наслов на точкава превртивте со очите, но знаете што е интересно кај клишеата? Тие имаат некоја чудна тенденција да бидат вистинити, а кога станува збор за овој конкретен случај, тогаш тоа е многу вистинито. Толку вистинито што луѓето постојано ви го повторуваат ова, а вие сепак имате тешкотии при применувањето. Откако сето тоа е кажано, пронаоѓањето на романтична љубов не вметнува љубов во вашиот живот.

Романтичната љубов е како одлична лупа. Таа има за задача да ја зголеми љубовта во вашиот живот, а за да почувствувате романтична љубов, вие претходно треба да се сакате себеси и луѓето околу вас. Колку повеќе животот ви изобилува со љубов, толку личноста што ќе биде дел од вашиот свет ќе биде среќна што е таму. Нема начин како да го заобиколите ова. Никој не може да ве спаси, поправи, да ви помогне или да го промени она што го чувствувате сами за себе. Тоа може да бидете само вие, а луѓето околу вас можат да бидат само дел од тоа прекрасно патување во процесот на вашето самооткривање.

4. Мора да прифатите дека за привлечноста и љубовта не постои скала

Не сте нити полоши, нити подобри од вашиот/ата бивш/а во ниедна од милионите категории во кои се споредувате со нив. Вие не сте поатрактивни или помалку атрактивни од некој. Вие не сте незасакливи, грди, чудни и одвратни затоа што не ѝ одговарате на една личност. Не постои дефинитивна скала за привлечност затоа што не постојат две личности кои се привлечени од идентично исто нешто. Затоа треба да бидете свои и да пронајдете некој кој го привлекува таквиот карактер кој вие го поседувате, а не личноста што мислите дека ќе направи да се чувствувате привлечно.

5. Мора да се ослободите од концептот на имање тип

2-6-klishe-no-vistiniti-neshta-koi-mora-da-gi-napravite-ako-sakate-da-pronajdete-ljubov-kafepauza.mk

Дури и ако прецизно можете да ги одредите вашите шеми на излегување и запознавање луѓе, тоа не значи дека љубовта на вашиот живот ќе биде баш таква со целата величественост која вашето его и вашиот затворен ум ја замислуваат. Самиот овој концепт само ви ги затвора вратите кон вистинската љубов затоа што таа не доаѓа во едно специфично пакетче и скоро никогаш не доаѓа во пакетче кое би го предвиделе.

6. Мора да сфатите дека на патот до љубењето себеси и среќата, се крие она или оној што го барате

Следењето на срцето и создавањето живот кој го сакате и во кој го барате сопствениот пат е од огромна важност за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот. Ако не се пронајдете себеси, тогаш никогаш нема да можете да ја пронајдете таквата личност. Ако не знаете кои сте, никогаш нема да знаете кои се тие, па макар отсекогаш да ви биле пред носот.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар