6 карактеристики кои е добро да ги поседувате

Автор: Вера Мартиноска

Многу често сме преокупирани со негативните карактеристики кај луѓето кои ни пречат и ни ја отежнуваат комуникацијата. Заради тоа, тешко ни е да ги забележиме и да ги цениме оние кои се позитивни и посакувани. Неретко, огорчени од односот на другите кон нас, ги оставаме запоставени овие особини и во нашиот сопствен карактер.

Барањето личности со здрави, позитивни карактеристики може природно да ни помогне да се држиме настрана од оние отровните, кои ни ја заробуваат енергијата или кои прават да се чувствуваме лошо. Сепак, секогаш треба да тргнеме од себе и да се трудиме да бидеме што попозитивни и попријатни. Затоа еве неколку карактеристики кои би требало секој од нас да ги поседува и негува, а кои сè потешко се наоѓаат во денешново општество:

6 карактеристики кои е добро да ги поседувате

Несебичност: Во свет каде многу луѓе немаат доволно време и не се интересираат за другите, несебичноста е квалитет кој е сè поретко присутен. Луѓето може да бидат несебични во времето кое го посветуваат, во способноста да слушаат, во нивото на трпение и љубовта која ја пружаат. Оние кои даваат и кои се великодушни по природа имаат моќ да направат другите да се чувствуваат сакани и ценети, како и да се чувствуваат посебно. Од друга страна пак, оние кои се себични го прават сосема спротивното, покрај нив луѓето не се чувствуваат сакани, туку отфрлени, потценети и помалку вредни.

Толеранција: „Пријател е оној кој ти дава целосна слобода да бидеш тоа што си.“ Толерантните луѓе прават да се чувствуваме удобно со тоа што сме и посебно како индивидуи. Сите сме различни, многу од нас имаат свои каприци, суеверија и ексцентрични навики. На крајот, токму овие разлики го водат светот напред. Поседувањето на способноста да ги прифатиме луѓето онакви какви што се и да не очекуваме да бидат тоа што ние сакаме и очекуваме да бидат е многу важно за животот, среќата и здравјето на нашите односи.

Оригиналност: Поседувањето на способноста да се биде реален, автентичен и искрен е уникатна во свет каде премногу се става акцент на површноста. Да се чувствуваме удобно во своја кожа и да сме искрени кон себе е една од најубавите карактеристики што може да ја имаме. Искреноста е неопходна ако сакаме да имаме вистинска врска со некого… тоа бара сослушување и давање одговор кој не секогаш е „популарен“, што пак значи дека треба да се има сила работите да се кажат онакви какви што се и да не постои страв од соочување со последиците од тоа. Да ги сакаме луѓето за тоа што се длабоко во душата, а не за тоа како ни изгледаат на прв поглед.

Чувствителност: Многу често сме фокусирани на она што ни е важно нам, така што забораваме на тие околу нас. Оние кои се чувствителни најчесто се и внимателни, ги ценат другите на начин кој ги прави да се чувствуваат разбрани и почитувани. Честопати чувствителните луѓе се и самосвесни, што пак ги прави и свесни за тоа како им влијаат на другите со тоа што го  прават и кажуваат, со еден збор – обзирни.

Интегритет: Денес оваа карактеристика особено тешко се наоѓа. Ова е време кога луѓето тајно прават работи само за да заработат екстра пари или пак си го изложуваат својот приватен живот само за да станат познати (реалните шоуа од типот на „Големиот брат“) и го прават она што ги прави да се чувствуваат добро во моментот, без да размислуваат за последиците, што значи дека интегритетот денес е вистинска реткост.

Скромност: Кога некој е исклучително паметен, екстремно талентиран или неверојатно убав, навистина ќе биде нешто посебно доколку не се прави дека секогаш знае сè. Скромноста кај оние кои поседуваат извонредни карактеристики ги прави другите да се чувствуваат исто така посебно.

Оваа листа продолжува… пишете ни ги во коментар карактеристиките кои мислите дека треба повеќе да ги негуваме!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. hristina Reply

    humanost 😛

  2. Rac Reply

    Prekrasno kazano…dovolno e

Остави коментар