6 изговори за невежбање кои не смеете да си ги дозволите

Оние кои не се физички активни, а „сакаат“ да бидат, секогаш имаат спремено по неколку одговори на прашањето зошто не вежбаат. Некои од нив навистина можат да бидат издржани, но ако е некој од следните шест, тогаш нема никакво оправдување.

6 изговори за невежбање кои не смеете да си ги дозволите

Немам време

Времето поминато во гледање една епизода од ТВ серија е доволно за вежбање. Секако дека можете да најдете барем половина час секој ден за тоа, и покрај другите обврски. И оние што редовно вежбаат имаат обврски дома, на работа, се гледаат со пријателите, но пак наоѓаат време да го прават она што одлучиле да го прават.

Не сум дебел/а, па не морам да вежбам

Одлично за вас ако спаѓате во групата која нема проблеми со телесната тежина, но вежбањето го чува здравјето дури и тогаш кога нема потреба од симнување на вишок килограми. Ако го занемарите вашиот организам со ваков изговор, работите набргу може да се сменат.

Немам пари за тренинг и здрава исхрана

Факт е дека кај нас ова претставува голем проблем. Но, на крајот на краиштата, не мора да се зачлените во скап фитнес клуб. Можете да трчате секој ден, да правите склекови дома, или да пробате програма од типот на Insanity.

Што се однесува до исхраната, сезонското овошје и зеленчук не се скапи, а можете да заштедите и од буџетот предвиден за пиење висококалорични пијалаци в град.

6 изговори за невежбање кои не смеете да си ги дозволите

Не ме бива

Ако не знаете како да почнете со тренинзи, не срамете се да се обратите кај некого кој може да ве упати. На почетокот ќе ви биде тешко, но потоа ќе стекнете самодоверба и повеќе ќе ви се вежба.

Не сакам да водам здрав живот

Ако уживате во пороците кои се дел од вашиот личен идентитет и сметате дека ве прават поинтересна личност, тогаш имате или наскоро ќе имате сериозни проблеми со здравјето. Ова е изговор кој никако не смеете да си го дозволите. Никогаш не е доцна да го промените овој став.

Морам прво да ослабам

Има луѓе кои сметаат дека ако имаат голем вишок килограми не би требало да трчаат или да играат фудбал, барем не додека не ослабат, затоа што ќе им биде премногу тешко. Ова не е никаков изговор. Се слабее со тренирање.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар