6 грешки кои скоро сите жени ги прават кога ги лакираат ноктите на нозете

Дојде сезоната на сандалите и отворените прсти на нозете, па токму затоа е време за разубавување на ноктите на стапалата. Со цел лакот на ноктите да ви изгледа беспрекорно и да ви трае подолго време, вие треба да ги избегнувате овие 6 најчести грешки кои ги прават скоро сите жени при лакирањето…

6 грешки кои сите жени ги прават кога ги лакираат ноктите на нозете

1. Ги лакирате ноктите додека не се чисти

Лакот нема да се задржи долго на ноктите врз кои има прашина, влага или стар лак. Со цел да му овозможите на лакот што повеќе да се „залепи“ за вашите нокти, вие прво исчистете ги со стара четка за заби натопена со сапун. Обрнете особено внимание под ноктите, како и во аглите каде што се собираат најмногу нечистотии.

2. Не ја подготвувате површината на ноктите

Пред лакирањето избришете ги ноктите со памук натопен во ацетон. Тој ќе ги отстрани сите можни остатоци од крема и лосиони за раце кои се насобирале со тек на време врз вашите нокти.

3. Не користите базичен лак

Безбојните лакови кои се користат како основа овозможуваат подолготрајно задржување на лакот врз вашите нокти. Тој е мек и самолеплив, па токму затоа може да се шири и собира при прилагодувањето врз вашето нокти.

4. Неправилно нанесување на лакот

Лакот нанесете го во 3 брзи и еднакви линии, така што прво намачкајте ја средината на ноктот, а потоа пополнете ги и страничните делови. Почекајте барем 2 минути пред да го нанесете вториот слој и внимавајте да не ставите премногу бидејќи на тој начин тој полесно може да се излупи.

5. Не користите завршен слој на лак

Лакот кој служи како финиш, брзо се суши и предизвикува цврст заштитен слој кој подолго време ќе го одржи лакот врз вашите нокти.

6. Не внимавате на нивното одржување

Нека ви стане навика да нанесувате завршен слој на лак секој втор ден со цел да ја освежите бојата на ноктите и да го продолжите рокот на лакот. Исто така не заборавајте и да ги мачкате нозете со масло кое ќе ги одржува хидратизирани.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар