6 француски трендови на кои треба да им дадете шанса оваа пролет

Француските девојки постојано ни покажуваат дека се лидери во светот на модата. Тие имаат изострен вкус за модните трендови, па токму затоа воопшто не изненадува фактот дека сите ги земаат нивните модни комбинации како светски стандарди. Погледнете што тие препорачуваат за оваа пролет и бидете еден чекор пред останатите во модата…

1. Долго палто

Овие палта без сомнение се класика. Тие најчесто се комбинираат со темни и тесни фармерки или хеланки и чизми со што се создава опуштен изглед. Тие се многу софистицирани кога се во темна боја чиј изглед е засилен со златни копчиња. Долниот дел од палтото кое ја создава илузијата на здолниште е женствено, но и укажува на зрела личност.

6 француски трендови на кои треба да им дадете шанса оваа пролет

2. Скинати фармерки

Овој тренд секогаш успева да го најде своето место на врвот од модата, а истото ќе се случи и оваа пролет во Париз. Изгледот кој е инспириран од 90-тите години се повеќе се популаризира ширум светот. Но, имајте на ум дека овој пат скинатите фармерки се тесни, со што се овозможува многу поостар изглед.

6 француски трендови на кои треба да им дадете шанса оваа пролет

3. Храбри усни

Доколку прошетате низ Париз, ќе забележите дека ретко која девојка не носи кармин со силна боја на своите усни. Покрај стандардната црвена боја, тие носат и темно розови, длабоко костенливи, па дури и потемни бои како сина и црна. Овој изглед вклучува силна боја на усните, но во комбинација со нежна шминка. Доволно е само малку пудра и маскара со цел да го постигнете совршениот француски пролетен изглед.

6 француски трендови на кои треба да им дадете шанса оваа пролет

4. Високи патики

Овој тренд може ќе ви дојде како изненадување, но високите патики можат да се забележат насекаде во Париз. Тие имаат софистициран и секси дизајн, па токму затоа оваа пролет ги препорачуваат дури и најголемите модни дизајнери. Тие одлично изгледаат со тесни фармерки (скинати или не) кои се вметнати во нив. Исто така, овие чевли можат да направат и здолништето или фустанот да изгледа кежуал.

6 француски трендови на кои треба да им дадете шанса оваа пролет

5. Кратки пантолони со хулахопки

Оваа комбинација отсекогаш постоела, но поради некоја причина ретко која девојка може да ја носи добро. Доколку сакате да ја пробате, постои еден мал трик. Целта е да комбинирате бои кои се релативно темни. Оваа комбинација ги издолжува вашите нозе и торзо, па со тоа предизвикува да изгледате повисоко.

6 француски трендови на кои треба да им дадете шанса оваа пролет

6. Чизмички со нитни

Кратките чизми веќе некое време се голем хит, но оваа пролет додатоците се оние на кои треба да обрнете внимание. Доколку сакате да се издвоите, тогаш овој моден тренд е вашиот најдобар избор. Тие привлекуваат внимание и ја разбиваат монотонијата на едноставната облека.

6 француски трендови на кои треба да им дадете шанса оваа пролет

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар