6 едноставни техники за самоодбрана што секоја жена треба да ги знае

Способноста да се одбраните може да биде разликата помеѓу живот и смрт, или помеѓу киднапирање и бегање. Самоодбраната е способност која секоја жена треба да ја има, а добрите новости се што не е потребно да бидете карате мајстор за да бидете подготвени.

(7)6-ednostavni-tehniki-za-samoodbrana-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk

Многу жени се загрижени дека нема да можат правилно да ги изведат чекорите во овие техники за самоодбрана. Но, дури и да не ги совладате совршено, знаењето на чекорите и агресијата која се јавува во вакви ситуации се сосема доволно за да се одбраните.

1. Директен удар

Кога ви се приближува некоја опасна личност, постојат неколку едноставни движења кои можете да ги направите пред личноста да ве стигне. Лесно и инстинктивно движење е директниот удар. Жена можеби не би била во можност да победи маж во бокс, но запомнете дека во овие ситуации нема правила. Удрете на најранливите делови – неговите очи, нос, грло и уши. Немојте да трошите енергија удирајќи ги неговите гради, стомак или раце.

2. Преден удар

Друга корисна техника за одбрана е предниот удар. Застанете цврсто на вашите нозе и обидете се да го удрите напаѓачот во препоните. Ударот нека биде со врвот на вашите чевли или делот каде што се наоѓаат врвките. Не му давајте можност на напаѓачот да ја фати вашата нога, вратете ја назад најбрзо што можете и подгответе се за уште еден удар.

3. „Убод“ во очи

Со благо свиткани прсти неколку пати убодете ги очите на напаѓачот. Немојте да се плашите да ги користете вашите нокти. Напаѓајте сè додека не ви се отвори можност за бегање. Доколку напаѓачот го блокира вашиот убод, искористете го предниот удар во неговите препони па менувајте ги овие две техники.

4. Удар со колено

Ако напаѓачот е премногу близу за да ги искористите претходните техники, користете го вашето колено. Ставете ја едната нога назад и удрете со коленото во неговите препони. Обидете се да удрите со коската на вашето колено бидејќи така ќе предизвикате поголема болка.

5. Мечкина прегратка

Нападот од назад може да биде навистина застрашувачки, но не грижете се, има начин да се одбраните дури и ако напаѓачот ве грабнал. Можеби првиот инстинкт ќе ви биде да му ги фатите рацете и да се обидете да се ослободите, но ова најчесто нема ефект. Наместо тоа смалете се најмногу што можете – соберете ги рацете на страна, згрчете се и наведнете се. Кога ќе го смените вашиот центар на гравитација, на напаѓачот ќе му биде потешко да ве крене и ќе имате подобра шанса да избегате со спуштање од неговите раце.

6. Одбрана од давење

Еден од најопасните начини на кои можете да бидете нападнати е давењето. Кога сте во ваква ситуација имате само неколку секунди пред да изгубите свест. За среќа, постои трик и за ова. Кренете ги рацете високо и спојте ги дланките, а потоа со рацете тргнете го неговиот зафат. Тој нема да може да ви ги фати рацете бидејќи во тој момент ќе му бидат зафатени.

Сепак, само читањето за овие техники не е доволно. Она што навистина е потребно е да се фокусирате макар и на само едно движење и да го научите навистина добро. Повторувајте го дури не ви стане рефлекс. Па, сами или со пријател вежбајте ги овие движења кои можеби еден ден ќе ви го спасат животот.

Погледнете ги и овие женски „оружја“ кои можат да ви помогнат.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар