6 едноставни чекори да влезете во форма пред летото

6 едноставни чекори да влезете во форма пред летото

Со доаѓањето на пролетта, се појавуваат и многу мисли за претстојната летна сезона. Одлично е да имаме желба да се чувствуваме и да изгледаме добро ова лето, но запомнете дека супер тело не значи само посакувана телесна тежина, туку исто така значи цврстина и добро здравје. Сакате да имате доволно енергија за активностите во природа ова лето, но сакате и да имате добро тело на плажа? Следете ги следниве 6 совети.

shest-chekori-da-stanete-zgodni-pred-leto-kafepauzamk

1. Поставете си цел

Не само во бројка како посакувана телесна тежина. И не си поставувајте веднаш превисока цел, бидејќи на тој начин брзо ќе се демотивирате, па можеби дури и откажете. Поставете си мала цел, која лесно може да се достигне и откако ќе го направите тоа, поставете си нова цел, малку потешка од претходната. Вака ќе го имате ем задоволството дека нешто постигнувате, ем поттикот да ја реализирате новата цел.

2. Најдете си соодветен тренинг

Не сите физички активности одговараат за сите луѓе. Некои сакаат да вежбаат дома, а други пак се мотивираат единствено во група во сала за фитнес. Некои сакаат строг и прецизен распоред уште од самиот почеток, додека други поминуваат низ флексибилен период на адаптација кон вежбите. За максимизирање на резултатите, најдете го вашиот соодветен тренинг.

3. Не се ограничувајте на само еден вид вежби

Да, кардио вежбите се интересни, но доколку подолго време ги правите само нив, организмот ќе се навикне, а нивниот ефект ќе се намали. Потребно е еднакво да ги вежбате сите делови од телото. Комбинирајте различни рутини и менувајте ги повремено.

4. Зачинете го тренингот

Поставете си неделен предизвик и работете на вашата мотивација. Не дозволувајте вежбањето да ви стане здодевна рутина, направете го интересен дел од вашето секојдневие. Има толку различни видови вежби, пробајте зумба, трчање, пливање… Сите дополнителни активности ќе ве наполнат со позитивна енергија.

(1) shest-chekori-da-stanete-zgodni-pred-leto-kafepauzamk

5. Внимавајте на повреди

Доколку сте расеани и не внимавате при вежбањето, лесно можете да се повредите. Затоа, вежбајте одговорно и не се преморувајте. Вашето тело знае колку му е доволно, така што, не ги преминувајте границите.

6. Внимавајте на храната

Запишувајте што јадете и внимавајте на калориите. Ова не значи дека сте на диета, туку само дека внимавате што внесувате во организмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар