6 добри причини почесто да јадете моркови

6 добри причини почесто да јадете моркови

Морковите се сметаат за суперхрана со причина. Тие се одлични за плодност, бидејќи го подобруваат квалитетот и квантитетот на спермата. Но, тоа не е единствената причина за да го имате морковот што почесто во исхраната. Еве ги останатите:

Стареење

Морковот се смета за еден вид антиејџинг зеленчук бидејќи е богат со бета каротин, антиоксиданс кој се бори против слободните радикали.

Убавина

Овој зеленчук е богат со антиоксиданси и витамин А, кои се важни за здрава коса, кожа и нокти.

Кардиоваскуларни болести

Морковот се состои од бета каротин, алфа каротин и лутеин – антиоксиданси кои се борат со холестеролот.

Дентално здравје

Јадењето моркови го подобрува здравјето на забите. Морковот ги чисти наслагите, а грицкањето го поттикнува лачењето на плунката, па на тој начин го балансира нивото на киселина која се бори со бактериите во устата.

Здрав црн дроб

Овој зеленчук се смета за детоксикациски зеленчук бидејќи го чисти црниот дроб. Помага во намалување на производството на жолчка, т.е. складирање маснотии во црниот дроб.

Спречува инфекции

Свеж или варен, морковот може да се стави врз исекотина или рана бидејќи има антисептичко дејство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар