6-чекорна вежба за мозокот создадена од генијалниот Стив Џобс

6-чекорна вежба за мозокот создадена од генијалниот Стив Џобс

Секој човек чија работа бара интелигенција и креативност знае дека брзото и неконвенционално размислување е клучот на успехот. Но, тешко е секогаш да се биде чекор понапред од другите без разлика колку сте талентирани. Дури и да сте паметни колку Ајнштајн, сигурно е дека ќе се почувствувате неспособни одвреме-навреме. Дури и на кралот на креативното размислување, Стив Џобс, понекогаш му бил потребен поттик кој ќе го разработи неговиот мозок.

6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив Џобс

Еве како Стив Џобс ги опишал ефектите од неговата медитација:

„Ако само седите и набљудувате, ќе видите колку е неуморен вашиот мозок. Ако се обидете да го смирите, тоа само ќе ги влоши работите, но со текот на времето тој навистина се смирува, а кога ќе се смири, ќе имате можност да ги чуете посуптилните нешта. Во тој момент вашата интуиција цвета и почнувате да ги гледате нештата појасно и да бидете поприсутни во моментот. Вашиот ум станува побавен и гледате многу повеќе отколку што сте можеле да видите порано.“

Оваа посебна техника која се нарекува медитација за свесноста потекнува од Зен Будизмот и Даоизмот. Стив Џобс ја практикувал оваа техника на ментална гимнастика уште во 1990 година, кога таа сè уште претставувала нешто непознато и егзотично. Но, работите се имаат значително сменето оттогаш. Денес, придобивките од медитацијата им се многу добро познати на голем број врвни невролози. Корпоративни џинови како Гугл, Џенерал Милс, Таргет и Форд ги тренираат нивните вработени да ги практикуваат истите медитации кои самиот Стив Џобс ги открил децении претходно.

Во продолжение прочитајте од што се состојат техниките за медитација на Стив Џобс и почнете да ги практикувате и вие самите…

Прв чекор

Седнете со прекрстени нозе во тивок, затворен простор. Користете рамна перница за да ја намалите тензијата во вашиот ’рбет. Почнете да дишете длабоко.

Втор чекор

Затворете ги очите и пробајте да се сконцентрирате на вашиот внатрешен монолог, на мислите кои се мотаат во вашата глава. Мислите поврзани со работата, семејството, работите што сте ги виделе на ТВ и сите секојдневни нешта кои ви поминуваат низ глава. Не се обидувајте да ги запрете, барем не сè уште. Едноставно набљудувајте како вашиот мозок скока од една тема на друга. Повторувајте ја оваа вежба една недела, 5 минути на ден.

6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив Џобс

Трет чекор

Сè уште немојте да се обидувате да го смирите вртлогот од вашите мисли, но пробајте да го фокусирате вашето внимание на делот од вашата свест одговорна за смиреното и неизбрзаното размислување. Овој дел од мозокот размислува за светот околу него. Не донесува заклучоци, не бара значење, само гледа, слуша и чувствува. Многумина не се свесни за неговото постоење, иако тој се открива во ретки моменти на голем шок, кога другиот дел од мозокот, одговорен за резонирање на работите, замолкнува.

Четврти чекор

Кога ќе дојдете во допир со вашиот ум одговорен за сетилата, побарајте од него да ја забави активноста на умот одговорен за резонирање. Замислете си ги овие два дела од свеста како вол и мајмун. Пробајте да го замислите вашиот внатрешен вол како полека трча по патот. Оваа ментална слика би требало да ви помогне да го смирите вашиот внатрешен мајмун. Не очекувајте мајмунот веднаш да заспие! Мајмуните по природа се неуморни! Како и да е, наскоро ќе забележите како вашиот внатрешен мајмун станува помирен и поспокоен.

Петти чекор

Откако сте го смириле вашиот внатрешен мајмун, продолжете да го насочувате вниманието кон вашиот внатрешен вол. Ако сè сте направиле како што треба, ќе почувствувате како вашето дишење се забавува. Одеднаш ќе станете свесни за воздухот што ве опкружува и струи низ вашата кожа. Можно е дури и да ја почувствувате крвта како тече низ вашите вени. И кога ќе ги отворите очите, светот ќе ви изгледа променет, обновен и чуден на некој начин. На пример, прозорецот ќе го гледате како обичен правоаголник исполнет со светлина. Нешто што не треба да се отвора, затвора, чисти или поправа. Нешто што едноставно постои сега и тука. И себеси ќе се гледате како некој кој постои сега и тука.

Шести чекор

Ќе ви биде потребно време за да стигнете до овој степен. Но, кога конечно ќе направите сè како што треба, ќе видите дека нема повеќе да ги забележувате минутите кои поминуваат од моментот кога ќе го вклучите тајмерот до моментот кога ќе го притиснете копчето за да го исклучите. Ден по ден, постепено, зголемувајте го траењето на вашата медитација. Неверојатно, но колку долго и да траат тие медитации на крајот, откако ќе постигнете повисоко ниво на вашата свест, нема да чувствувате дека воопшто ви поминува времето.

6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив Џобс

Ако редовно ја практикувате оваа медитација за проширување на свесноста, ќе ги добиете следниве три важни придобивки:

1. Ќе се ослободите од стресот. Животните проблеми повеќе нема да имаат моќ да ве извадат од колосек.

2. Несоницата ќе стане дел од минатото. Благодарение на редовното практикување на оваа медитација, ќе ви бидат потребни само две до три секунди за да заспиете.

3. Ќе станете способни да размислувате појасно и ќе ја согледате вистинската вредност на вашиот животен развој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар