6 четки кои мора да се најдат во вашиот несесер

Во денешно време има премногу продукти за разубавување кои ги преполнуваат нашите фиоки и несесери. Таму има сѐ: сенки за очи, руменила, бронзери и што уште не. Многу важен дел од рутината при шминкањето се и четките, а овие 6 мора да се најдат во вашиот козметички несесер.

1. Четка за коректор

Оваа четка има многу намени. Можете да ја употребите целата четка за нанесување коректор под очите, или да го искористите нејзиниот врв за коригирање на пегите, акните и сл. Исто така е корисна како четка за усни. Кога станува збор за четките за коректор и усни, синтетичките се многу поубави. Влакненцата остануваат на нивното место и не се виткаат како кај оние од природни влакна.

1-6-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mk

2. Четка за крем-руменило

Оваа четка служи за изедначување на кремастото руменило. Исто така често се користи и за нанесување на продукти во прав како бронзер или руменило. Таа е одличен прибор во женскиот несесер бидејќи е составена од мешавина од синтетички и природни влакна.

5-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mk

3. Четка за руменило

Ваквата четка служи за нежно нанесување руменило. Ако таа е премногу голема ќе нанесете премногу руменило што ќе направи да изгледате како кловн. Започнете со мала четка, а потоа можете да земете и поголеми.

2-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mk

4. Четка за пудра во прав

Четките за пудра во прав се малку накосени за да можете лесно да нанесувате шминка под окото или на капакот, или за визуелно намалување на носот. Немојте да користите голема четка за пудра во прав бидејќи лесно може да изгубите контрола врз неа. Плус, ова е одлична четка за истакнување на контурите на лицето.

3-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mk

5. Четка за изедначување на шминката на капаците

Овие четки се одлични бидејќи се мултифункционални. Се користат за нанесување на сенка, нежно нанесување на пудра под очите или капакот, за изедначување на коректорот или мали корекции на шминката (прекривање на мозолчиња или визуелно намалување на носот).

5-6-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mk

6. Четка за веѓи и контури

Оваа двострана комбинација е совршена за пополнување на празните простори во веѓите и создавање на мачкините очи. Обожавана е од голем број дами поради нејзината разновидна употреба како средување и обликување на веѓите и отстранување на вишокот маскара со апликаторот.

6-6-cetki-koi-mora-da-gi-imate-vo-vasiot-neseser-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар