6 бебешки производи кои ќе ја променат вашата рутина за нега и убавина

Колку време поминало откако последен пат сте користеле некој бебешки производ, како што е на пример, маслото за тело или шампонот? Долго? Време е да започнете повторно да ги користите, бидејќи можностите и придобивките се многубројни. Детските производи се одличен избор за возрасната и зрела кожа. Тие се нежни, не ја надразнуваат кожата, мирисаат убаво, а може да се користат на начини и цели за кои никогаш не сте размислувале.

1-6-bebeshki-proizvodi-koi-kje-ja-promenat-vashata-bjuti-rutina-www.kafepauza.mk_

1. Бебешки шампон за чистење на четките за шминкање

Нешто што сите ние често забораваме, иако знаеме дека треба редовно да го практикуваме е чистењето на четките за шминкање. За да ги исчистите вашите четки не ви се потребни специјални средства за чистење. Едноставно навлажнете ги со топла вода, а потоа додајте бебешки шампон кој е нежен и нема да го оштети вашиот прибор за шминкање, а истовремено е доволно ефикасен за темелно да ја исчисти шминката и нечистотијата од четките. Измиените четки ставете ги на пешкир и почекајте добро да се исушат пред употребата.

2. Бебешка пудра како пудра за сетување на лицето

После нанесувањето на коректор под очите, паметно е да го фиксирате со пудра во камен или пудра за сетување. Наместо да купувате скапи пудри за сетување, бебешката пудра ќе ви послужи како совршена замена. Нанесете бебешка пудра под очите за да ја фиксирате шминката, оставете ја неколку минути (идеалното време е додека ги шминкате очите, бидејќи целиот вишок ќе падне врз пудрата), а после тоа едноставно отстранете ја со голема четка за шминкање. Вашата шминка ќе изгледа беспрекорно и подолго време ќе остане свежа.

2-6-bebeshki-proizvodi-koi-kje-ja-promenat-vashata-bjuti-rutina-www.kafepauza.mk_

3. Бебешки влажни марамчиња за дамки од шминка

Сте ја извалкале вашата омилена блуза додека сте се шминкале? Бебешките влажни марамчиња се вистински спас во тие моменти. Добро навлажнетото марамче притиснете го на дамката (немојте да триете) и ќе сведочите како таа целосно исчезнува. Создадени се за чувствителната и нежна бебешка кожа, така што безбедно можете да ги користите во скоро секоја прилика.

4. Бебешко масло како третман за коса

Бебешкото масло ја прави кожата мека, исто како и косата. Можете самите да направите едноставна маска за само неколку минути. Сѐ што ви е потребно се 2 лажици мед со 1/2 лажица детско масло и малку топла вода. Маската нанесете ја на сува коса и добро измасирајте ја. После половина час измијте ја косата со топла вода и продолжете со нормалната рутина за миење на косата.

3-6-bebeshki-proizvodi-koi-kje-ja-promenat-vashata-bjuti-rutina-www.kafepauza.mk_

5. Бебешка крема како спас од акни

Бебешките креми во својот состав имаат антивоспалителни состојки кои ја заштитуваат кожата со акни. Доволно се нежни што нема да ја иритирате воспалената кожа, а ќе ви ја дадат потребната нега и ќе ви помогнат во борбата со акните.

6. Бебешка четка за заби како алат за пилинг

Меките влакна на бебешката четка за заби се совршени за темелен и нежен пилинг на лицето. Направете сами смеса од лимон и шеќер, а потоа нанесете ја на лицето. Лесно поминете по лицето со бебешката четка за заби правејќи кружни движења. Сите стари клетки од кожата брзо и едноставно ќе бидат отстранети, а вашето лице ќе биде многу мазно.

Бебешката пудра нема само да ви послужи како пудра за сетување, туку погледнете ги овие необични употреби на бебешката пудра.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар