6 англиски правила за учтивост што сите треба да ги применуваат

Антропологот Кејт Фокс е вистинска Англичанка. Таа во нејзината книга „Набљудувајќи ги Англичаните: Скриените правила на англиското однесување“ (Watching the English: The Hidden Rules of English Behaviour) целосно го разоткрива англиското општеството. Прочитајте ги следниве правила што ги почитуваат Англичаните и започнете да ги применувате и самите…

1. Правило на извинување

6 англиски правила за учтивост што сите треба да ги применуваат

Кејт направила еден многу интересен експеримент. Таа „случајно“ се судирала со минувачи за да види дали тие ќе се извинат. Во поголемиот дел од случаите, тие навистина се извинувале. Англичаните велат „извини“ за кој бил случаен контакт, дури и тогаш кога судирот не е по нивна вина. Тоа не значи дека тие се обвинуваат себеси за настанатата ситуација. Нивното извинување е рефлекс што го развиле во детството.

Англичаните се извинуваат секогаш кога ќе нарушат нечиј личен простор: „Извинете, дали седиштето е слободно?“, „Извинете, но сте седнале на моето палто“. Тие навистина ја заслужуваат репутацијата на најљубезен народ во светот.

2. Правило на несериозност

Англичаните постојано користат иронија кога зборуваат за себе и за нивниот успех. Нивните дипломи стојат закачени во тоалетот, бидејќи уште во детството учат дека не треба да се сфаќаат себеси премногу сериозно. Арогантните луѓе кои обожаваат да зборуваат за нивните достигнувања се сметаат за смешни. Англичаните никогаш не ги заморуваат соговорниците со разговори за себе. Наместо тоа, тие се обидуваат да ги заинтересираат луѓето преку пронаоѓање заеднички хобија и вредности и чекаат соговорникот да покаже искрен интерес за нивниот живот.

3. Правило на чекање ред

6 англиски правила за учтивост што сите треба да ги применуваат

Во Англија, сите редици се беспрекорни и сите луѓе чекаат доволно оддалечени едни од други. Доколку некој случајно се обиде да го наруши редот, Англичаните не се расправаат. Наместо тоа, тие значително ги креваат веѓите или ги подигнуваат рамениците бидејќи не сакаат да прават сцени. Човекот што застанал преку ред веќе се понижил самиот. Да, можеби заштедил неколку минути, но го изгубил достоинството.

4. Правило на скромност

Англичаните не се помалку амбициозни од другите народи, но сметаат дека срамота е да се фалат со тоа. Тие не сакаат да го покажуваат нивниот статус во општеството. Ниту нивната облека, ниту нивните скапи автомобили не смеат да покажат дека се посупериорни во однос на другите.

5. Правило на зборување за времето

6 англиски правила за учтивост што сите треба да ги применуваат

Па, за што би зборувале тогаш? Англичаните многу добро знаат да муабетат, односно да водат кратки разговори на неутрални теми. Ваквите разговори не се формални бесмислици, туку општоприфатена форма на покажување добра волја. Кога ќе се возите во лифт со некој од вашите соседи, не мора да молчите. Зошто да не си поразговарате малку за времето, на пример?

6. Правило на запознавање

Англичаните многу ја почитуваат туѓата приватност. Тие „не си го пикаат носот во туѓи манџи“ и се гордеат со тоа. Никогаш не прашувајте Англичанец за неговата работа, семејство и број на деца, освен ако не почне тој да зборува прв за тоа. Исто така, никогаш не разговарајте за пари и плата.

И покрај нивната скромност, Англичаните им делат многу комплименти на нивните соговорници. Тоа не е ласкање туку обична учтивост. Вистинска англиска учтивост.

Во продолжение прочитајте за овие 11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не се.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар