50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност

50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност

За да дознаете одредени намери, желби или цели на една личност, потребно е да комуницирате со истата. Постојат одредени прашања чиишто одговори може да ви покажат каква е личноста и каков е карактерот на една девојка. Погледнете ги овие педесет прашања што треба да ѝ ги поставите на девојката ако сакате да дознаете повеќе за неа.

50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност

1. Што те направило посилна личност?

2. Што направило да се чувствуваш послабо?

3. На кое место најмногу се чувствуваш како своја?

4. Каде е твоето омилено место за бегство?

5. Што мислиш, која личност имала најголемо влијание за да бидеш таа што си денес?

6. Ако можеш да промениш нешто кај себе, што би било тоа?

7. Ако имаш само уште еден ден за да живееш, што најпрво би направила?

8. На која декада најмногу чувствуваш дека припаѓаш?

9. Со која личност од твоето семејство си најблиска? Зошто?

10. Која е личноста што те знае најдобро?

50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност

11. Која ти е омилена особина кај твојот најдобар пријател?

12. Кога беше мала, што мислеше, каква ќе бидеш кога ќе пораснеш?

13. Ако можеш да се означиш со еден измислен лик (од книга, емисија или филм), кој би бил тој?

14. Дали лесно прифаќаш комплименти? Или ги мразиш?

15. Дали омилената твоја лична карактеристика е физичка или не?

16. Која е твојата омилена лична физичка карактеристика?

17. Која е твојата омилена лична карактеристика што не е физичка?

18. Дали веруваш во љубов на прв поглед?

19. Дали веруваш во сродни души?

20. Колку сериозно го сфаќаш хороскопот?

50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност

21. Дали некогаш си била заљубена? Колку пати?

22. Што е она што прави да се заљубиш во некого?

23. Што значи ранливоста за тебе? Што има способност да те направи ранлива?

24. Што се плашиш да ги прашаш мажите, но би сакала?

25. Доколку би била маж на еден ден, што е првото нешто што би го направила?

26. Што мислиш дека е најатрактивно кај двата пола?

27. За што најмногу сакаш да учиш?

28. Што е она што никогаш не си го направила, но отсекогаш си сакала?

29. Зошто сѐ уште не си го направила тоа?

30. Ако парите не се важни, каква би била твојата работа од соништата?

50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност

31. Ако не треба да работиш денес, што би направила?

32. Што е последното нешто што направило да заплачеш?

33. Што е последното нешто што те насмеало?

34. Кој е твојот омилен спомен?

35. Што е последното нешто од кое си се засрамила?

36. Кој е твојот најголем страв?

37. Дали жалиш за нешто? За што најмногу?

38. Си го прекршила ли некогаш законот? Ако не, тогаш што е она што би сакала да го прекршиш?

39. Што е најлудото нешто што си го направила?

40. Дали би разговарала со непознати?

50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност

41. Дали би им кажала на непознатите ако имаат нешто непријатно на себе?

42. Која е твојата омилена шега?

43. Дали сакаш повеќе мачки или кучиња?

44. Ако би можела да бидеш некое животно, кое би било тоа?

45. Во која книга, филм или емисија се срамиш да признаеш дека си уживала?

46. Како мислиш дека твоите родители би те опишале како дете?

47. Ако можеш да се вратиш на одредена возраст во животот, на која би било тоа?

48. Во што веруваш ти, а другите не?

49. Што е тоа што те прави поразлична од другите луѓе?

50. Што мислиш дека ти недостасува во животот?

50 прашања што треба да ѝ ги поставите на една девојка, за да дознаете повеќе за нејзината личност


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар