50 прашања кои ќе ви го ослободат умот

50 прашања кои ќе ви го ослободат умот

Овие прашања немаат точен или неточен одговор. Понекогаш поставувајќи го вистинското прашање, всушност го добиваме одговорот кој го бараме.

50 прашања кои ќе ви го ослободат умот

1. Колку години би имал, кога не би знаел колку години имаш?

2. Што е полошо: да доживееш неуспех или никогаш да не се обидеш да го направиш тоа?

3. Ако животот е краток, зошто, сепак, правиме толку многу нешта кои не ни се допаѓаат и ни се допаѓаат толку многу работи кои не ги правиме?

4. Кога е сè кажано и направено, дали си кажал повеќе од она што си го направил?

5. Која е единствената работа која сакаш да се промени во светот?

6. Ако среќата би била национална валута, каква работа би те направила богат?

7. Дали го правиш она во што веруваш или се помируваш со она што го правиш?

8. Ако просечен човечки живот би изнесувал 40 години, како би го изменил твоето секојдневно живеење?

9. До кој степен го контролираш текот на твојот живот?

10. Дали повеќе се грижиш да ги направиш работите на вистинскиот начин или пак ги направиш вистинските работи?

11. Замисли си дека си на вечера со тројца луѓе кои ги почитуваш и им се восхитуваш. Сите тројца ќе почнат да го критикуваат твојот најдобар пријател, притоа не знаејќи дека ти е пријател. Што ќе направиш?

12. Хипотетички, ако би можел да му дадеш совет на новороденче, што би го посоветувал?

13. Дали би го прекршил законот само за да ја спасиш личноста која ја сакаш?

14. Си видел ли лудило кое подоцна се претворило во креативност?

15. Што е она што те разликува од другите луѓе?

16. Како е можно нештата што тебе те усреќуваат, да не ги прават среќни другите луѓе?

17. Која е онаа работа што сакаш да ја направиш, а не си ја направил до сега? Што те спречува?

18. Дали си приврзан за нешто од кое веќе е време да се ослободиш?

19. Ако треба да се преселиш во друг град или држава, која би била таа?

20. Дали го притискаш копчето на лифтот повеќе од еднаш? Дали навистина мислиш дека така побрзо ќе дојде?

21. Дали попрво би биле загрижен гениј или среќен глупак?

22. Зошто си ти тоа што си?

23. Дали си онаков пријател со каков што би сакал да си опкружен?

24. Што е полошо: кога добар пријател ќе се отсели или губење контакт со добар пријател кој живее блиску?

25. За што си најмногу благодарен?

26. Дали попрво би ги избришал сите стари спомени отколку никогаш повеќе да ја немаш можноста да создадеш нови?

27. Дали е можно да ја дознаеш вистината без претходно да ја предизвикаш?

28. Дали твојот најголем страв некогаш станал реалност?

29. Дали се сеќаваш на мигот кога пред 5 години беше многу лут и вознемирен? Дали е тоа навистина толку важно сега?

30. Кој е твојот најсреќен момент од детството? Зошто е тој толку посебен?

31. Во кој момент од твоето минато си почувствувал голема
страст и живот во себе?

32. Ако не сега, тогаш кога?

33. Ако уште не си го постигал тоа, што имаш да изгубиш?

34. Дали некогаш си бил со некого, без двајцата да проговорите ни збор, а си почувствувал дека тој бил најдобриот разговор во твојот живот?

35. Зошто религиите кои ја поддржуваат љубовта, предизвикуваат војни?

36. Дали е можно да знаеш што е добро, а што зло без притоа да се посомневаш?

37. Ако добиеш милион долари, ќе дадеш отказ на работа?

38. Што сакаш повеќе: да имаш помалку работа или да работиш повеќе, но тоа да те исполнува?

39. Си почувствувал ли некогаш дека овој ден го имаш проживеано милион пати досега?

40. Кога последен пат си шетал по темна улица, каде единствената светлина била твојата сјајна идеја во главата?

41. Хипотетички, ако знаеш дека сите што ги сакаш ќе умрат денес, кого би посетил прв?

42. Дали би го намалил својот животен век за 10 години, а на сметка на тоа да бидеш помлад и славен?

43. Која е разликата помеѓу тоа да бидеш жив и да живееш вистински?

44. Кога е вистинското време да се престане со пресметување на очекуваните ризици и признанија и да се прави само она што ти мислиш дека е вистинско?

45. Ако сакаме да учиме од нашите грешки, зошто толку се плашиме да ги направиме?

46. Што е она што би го направил различно, ако знаеш дека никој нема да те осудува?

47. Кога последен пат си го слушнал звукот на сопственото дишење?

48. Што е тоа што го сакаш? Дали работите кои ги преземаш, отворено ја искажуваат таа љубов?

49. За 5 години од денес, дали ќе се сеќаваш што правеше вчера? Или завчера? Или денот пред тоа?

50. Одлуките се донесуваат веднаш. Прашањето е: дали ги донесуваш за себе или дозволуваш другите да ги донесат за тебе?

Слободно споделете ги вашите мисли и одговори со нас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Славица Reply

    Секогаш во животот правете ги вистинските нешта кои Ве исполнуваат.Никогаш немојте да се посомневате во Вашата вредност.Живејте го животот како секој ден да Ви е последен.Мислете дек ќе ја дочекате 100 години.Имајте верба во Вашето утре,не што било вчера.Бидете она со што сакате да бидете опкружени.Никогаш ,немој да кажеш никогаш.

  2. Славица Reply

    Убавото е поубаво кога ќе го споделиш со пријател.Верувајте во себе.Утрото нека ви биде поубаво од ноќта.

  3. Анастасија Reply

    22. Зошто си ти тоа што си? Затоа што така ме воспитале родителите, животот направил да се сретнам и да се дружам со луѓе чие однесување и живеење, воопшто, влијаело на мојот карактер, затоа што сум била сведок на различни искуства кои предизвикале дел од тоа што сум јас. Јас сум тоа што сум, едноставно таква сум 🙂

  4. SVETLE Reply

    NEKA ZIVOTOT TI BIDE ISPOLNET SO LJUBOV I RAZBIRAJNE.ZIVEJGO ZIVOTOT ONAKA KAKO STO MISLIS DEKA TI E UBAVO BEZ DA GI POVREDUVAS DRUGITE.NE DOZVOLUVAJ OMRAZATA I LJUBOMORATA DA GO SOVLADAAT TVOETO TELO.

    • VALENTINA Reply

      BRAVO SVETLE ,MNOGU UBAVO KAZANO DOKOLKU SI MLADA TI SE VOSHITUVAM.

  5. :))) (((: Reply

    ja si go ziveam zivotot taka kako sto si sakam ( ne se drogiram, ne se kockam i ne trosam pari na ku*vi ) i ic ne se zamaram so ke recat drugite za mene ! ete toa me ispolnuva

  6. nepismenkovci Reply

    “Понекогаш поставувајќи го вистинското прашање, всушност го добиваме одговорот кој го бараме”

    damn, koj vi gi pisuva statiive ?!

  7. Филип Reply

    39. Си почувствувал ли некогаш дека овој ден го имаш проживеано милион пати досега?

    Да! Неподнослива главоболка, по неконтролирано пиење како стока.

  8. Форд Префект Reply

    42

Напиши одговор на Форд Префект Откажи одговор