50 моќни мисли што почесто треба да ги изговарате

50 моќни мисли што почесто треба да ги изговарате

Во животот личностите кои ги сакаме најмногу, најчесто ги земаме здраво за готово. Ја забораваме моќта на зборовите, постојано сме „залепени“ за нашите компјутери и телефони, мислиме дека саканите ќе разберат, но овде не се случува никаква комуникација. Многу е важно да ги третираме нашите врски со љубов и внимание. Да бидеме добри и искрени. Погледнете 50 работи кои треба почесто да им ги кажувате на саканите за да им покажете колку ви значат.

50-raboti-koi-treba-da-gi-kazhuvame-pochesto-kafepauza.mk

1. Овде сум за тебе.

2. Ти благодарам за сè што имаш направено за мене и за вредноста која му ја даде на мојот живот.

3. Убав/а си, а тоа што ми е најубаво кај тебе е…

4. Како си? Искрено, како си навистина?

5. Кажи ми ги твоите соништа.

6. Кажи ми ги твоите стравови.

7. Кажи ми кои се твоите верувања за животот, љубовта, светот…

8. Мислам на тебе.

9. Те ценам.

10. Се грижам за твоите чувства.

11. Ти си ми важен/на.

12. Згрешив и извини. Искрено се извинувам. Те молам прости ми.

13. Ја ценам нашата врска.

14. Среќен/на сум што те имам во мојот живот.

15. Што можам да направам за да те поддржам?

16. Како се чувствуваш за нашата врска?

17. Како се чувствуваш во врска со мене?

18. Особините кои најмногу ги сакам кај тебе се…

19. Навистина го ценам твојот труд и напредок за…

20. Она што ми е најзначајно за нашата врска е…

21. Одлично сработено!

22. На овој начин ми го направи животот подобар…

23. Чест ми е да те познавам и да бидам близок/блиска со тебе.

24. Ти го посакувам најдоброто.

25. Го обожавам моментот кога јас и ти…

26. Ти верувам и ѝ верувам на нашата врска.

27. Ти простувам.

28. Ова се сите твои позитивни особини…

29. Твојот дар и твојата сила се…

30. Те почитувам.

31. Ги почитувам твоите одлуки иако се различни од моите – слободен/на си да правиш избор за себе.

32. Те поддржувам на секој можен начин.

33. Верувам во тебе.

34. Со љубов ти го давам времето и просторот кои ти се потребни.

35. Можеш да постигнеш сè што ќе посакаш.

36. Ти си посебен/на, божествен/а и уникатен/на.

37. Имаш слобода да бидеш вистинскиот ти во нашата врска.

38. Можеш да бидеш искрен/а со мене.

39. Сакам да имам интимна и врска полна со љубов со тебе.

40. Ги побудуваш овие позитивни чувства и емоции кај мене…

41. Не си одговорен/на за мене, за моето лошо однесување и за моите лоши одлуки.

42. Што очекуваш од мене или од нашата врска?

43. Не е твоја вина, не те обвинувам.

44. Те поддржувам во грижата за себе.

45. Твоите чувства се разбирливи и нормални по сè што помина.

46. Не очекувам да бидеш совршен/на. Целосно разбирам дека си човек и дека никој од нас не е совршен.

47. Свесен/на сум за работите кои треба да ги подобрам и работам на тоа.

48. Важно ми е да те знам и да те разберам.

49. Кај тебе доаѓам со отворено срце и отворен ум.

50. Те сакам целосно, баш таков/ва каков/ва што си!

Погледнете ги и овие цитати кои ќе ве поттикнат да љубите безусловно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар