5 знаци дека ви е потребно емоционално лекување

Луѓето би биле ништо без нивните емоции. Тие влијаат на нашиот ден, но и на нашето расположение. Сепак понекогаш постојат моменти кога се чувствуваме навистина истрошено, а тоа е знак дека е време за емоционално лекување.

5-znaci-deka-vi-e-potrebno-emocionalno-lekuvanje-kafepauza.mk

1. Се чувствувате депресивно и анксиозно

Животот денес е премногу брз, па многу често го губиме допирот со реалноста и не успеваме да се поврземе со други луѓе. Чувството на неуспех и тага обзема многу луѓе, а стравот од непознатото има исто влијание. Тој пречи во сечија дневна рутина. Можно е да се чувствувате како да е време да се откажете и да мислите дека веќе ништо не ви оди по план. Можеби немате никаква надеж за вашата иднина. За овие проблеми важно е да побарате помош бидејќи тие ќе продолжат да ве згушуваат и да ве влечат надолу. Грижете за себе, тоа ќе ви помогне. Нема ништо лошо во тоа да побарате помош сè додека имате некоја придобивка.

2. Многу често само реагирате наместо да делувате

Вашиот секојдневен живот емоционално ве истрошува. Не ви се прави ништо, но не треба да дозволите да се случи ова. Дозволете си да почувствувате сè низ што минувате со цел да го зачувате вашето ментално здравје. Делувајте во секоја ситуација, наместо само да реагирате. На овој начин ќе имате удел во работите кои ви се случуваат. Ова ќе го започне процесот на лекување. Реагирањето само ќе ве измори и збуни и ќе се чувствувате изгубено. Можеби не знаете како да се справите со нередот во вас, но дајте си време и внимателно анализирајте ја ситуацијата. Преземете ги потребните мерки и дозволете си да бидете среќни.

3. Разликата помеѓу емоциите и чувствата

Важно е да ја разберете разликата помеѓу емоциите и чувствата. Чувствата ги вклучуваат нашите емоции, верувања и идеи, односно мислите кои нè прават личноста што сме. Тие имаат влијание на вашиот одговор во разни ситуации, како и на вашите мислења. Кога ќе ја разберете разликата, ќе ви биде појасно каква личност сте. Прифатете го доброто и позитивното околу вас. Без разлика колку е тешко, обидете се да усреќите некого. Нивната среќа ќе ја почувствувате и вие.

4. Полни сте со негативност

Немојте да обрнувате премногу внимание на негативните емоции бидејќи тоа ќе ја влоши вашата емоционална состојба. Емоциите како страв и гнев се штетни на долгорочен план. Не треба да дозволите да бидете контролирани од нив. Обидете се да ја пронајдете причината за овие емоции и решете го проблемот. Набљудувајте се себеси и насочете ги гневот и стравот кон нешто продуктивно. Обидете се да се ослободите од емоциите кои прават да се чувствувате неудобно. Не е добро за вашето здравје да се задржувате на работи кои ви предизвикуваат болка. Се разбира, не може одеднаш да го направите тоа, но секое патување почнува со првиот чекор.

5. Направете го првиот чекор

Научете да се сакате. Можеби ќе ви биде тешко, но немојте да се откажете. Разгалете се – патувајте сами, изгледајте филм, почестете се со нешто убаво, излезете со вашите пријатели. Понекогаш дозволете си да го направите она што навистина го сакате. Не дозволувајте стресот и притисокот да ви го украдат животот. Ослободете се од негативноста, без разлика дали тоа е ужасниот партнер, себичните пријатели или суровиот шеф. Оддалечете се од нив за ваше добро. Не дозволувајте им на другите да газат врз вас и да ве обележуваат како слаби поради вашата добрина. Вие сте прекрасни. Вие го заслужувате секое добро и не дозволувајте никому да ви кажува поинаку.

Поздравете се со вашето минато кое ве прогонува и продолжете понатаму. Постојат поголеми и поубави нешта кои ве чекаат. Нема да ги почувствувате ако сами не се придвижите кон нив. Звучи тешко, но верувајте дека тоа е едно неверојатно искуство.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар