5 знаци дека вашиот партнер не е со вас затоа што ве сака, туку затоа што нема подобра опција

Никој не сака да верува дека саканата личност започнала врска со нив само затоа што немала подобра опција, но за жал, токму тоа се случува секојдневно. Бидете искрени и признајте дека и вам ви се случило барем еднаш во животот да бидете со некого во кого не сте биле вљубени. Луѓето, особено мажите, започнуваат вакви врски најмногу поради недостаток на самодоверба и несигурност. Мислат дека не можат да најдат подобра партнерка или пак сакаат да ги импресионираат пријателите со нивната привлечна девојка иако тие не се вистински заинтересирани за неа. Ако се прашувате дали тој навистина ве сака, обрнете внимание на следниве 5 знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот партнер е со вас само затоа што нема подобра опција…

5 знаци дека вашиот партнер не е со вас затоа што ве сака, туку затоа што нема подобра опција

1. Не ве претставува како своја девојка

Ако вашиот партнер ве претставува на неговите пријатели, семејство, колеги и слично само со име и презиме или уште полошо како негова пријателка, а не како своја девојка, тоа значи дека тој се сомнева во вашата врска. Ова е голем знак на предупредување дека тој се срами од вас, има фобија од сериозни врски или едноставно не му се допаѓате доволно.

2. Го нервираат вашите недостатоци

Во раните фази од врската, недостатоците на партнерот се слатки и симпатични. Ако сте заедно само неколку месеци, а него веќе го нервираат вашите необични навики, тогаш најверојатно не му се допаѓате доволно и никогаш нема да ве засака.

3. Коментира дека некои други жени се предобри за него и дека никогаш не би можел да ги освои

Ако вашиот партнер го прави ова, не постои сомнеж дека се работи за идиот. На тој начин, тој ви кажува дека вие не сте предобри за него, но постојат жени кои се и затоа тој прифатил да биде со вас. Кога маж е вистински вљубен, тој мисли дека вие сте најдобрата девојка која постои на светот, а не дека не е способен да најде подобра од вас. Нормално е тоа што понекогаш ќе почнат да ве привлекуваат и други луѓе, но ако тој вели дека некоја друга жена е предобра за него, тоа е исто како да вели дека вие не сте толку добра колку неа. А тоа не е во ред.

5 знаци дека вашиот партнер не е со вас затоа што ве сака, туку затоа што нема подобра опција

4. Не ве поканува на семејните собири и на дружбите со неговите пријатели

Ако навистина му се допаѓате некому, тој ќе сака да ве покажува на другите и да ги сподели сите делови од неговиот живот со вас. Но, вие сте заедно веќе неколку месеци, а тој сѐ уште оди сам на сите семејни собири како што се венчавки и родендени. Верувајте дека постои причина зошто тој не ве зема со него. Тој најверојатно не сака да ве запознае со неговите пријатели и семејство, што значи дека тој не е вљубен во вас.

5. Многу му значат туѓите мислења за вашата врска

Кога му се допаѓате некому, тој не се грижи многу околу мислењето на другите за вас и вашата врска. Доколку тој постојано бара совети од други луѓе пред да донесе одлуки поврзани со вашата врска, можеби тој се обидува да добие потврда дека вие не сте вистинската за него. Можеби нема да можете да забележите дека се случува ова, но обрнете внимание на тоа колку време му треба за да ви даде одговор на прашањата што ја засегаат вашата врска. Ако секогаш му треба време за да размисли, или го дискутира тоа со некого за да добие мислење или се обидува да одлучи дали вреди да троши време и енергија за вас.

Доколку вашиот партнер покажува некои од овие знаци, време е да седнете и да поразговарате. Повеќето луѓе нема да признаат дека се во врска со некого само затоа што немаат подобра опција. Но, неговата реакција на вашето прашање ќе може да ви ги разјасни работите. Искористете го овој разговор за да дознаете дали тој е навистина заинтересиран за вас и што мисли за вашата врска. Ако не сте задоволни од неговите одговори, време е да продолжите понатаму и да најдете некој кој ќе мисли дека сте најдобрата девојка што постои на светот.

Доколку се сомневате во љубовта на вашиот партнер, прочитајте ги и овие 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар