5 знаци дека вашиот мозок е презафатен за да бидете среќни

Во кој момент модерниот живот почнува да ни пречи и нè ограбува од способноста да бидеме среќни? Погледнете ги следниве 5 знаци што покажуваат дека вашиот мозок е толку зафатен што едноставно сте престанале да бидете способни да чувствувате среќа…

5-znaci-deka-vashiot-mozok-e-prezafaten-za-da-bidete-srekjni-www.kafepauza.mk

1. Заборавен мозок

Ако лесно можете да си го одвлечете вниманието и често заборавате нешта, тогаш вашиот мозок е во ослабена состојба. Поради тоа само брзате низ животот и не застанувате дури ни две секунди за да се опуштите, па несвесно клучевите ги оставате кај стигнете, поставувате чаша вода веднаш до лаптопот на место каде што сигурно ќе ја бутнете со маусот или не забележувате сообраќаен знак за застанување. Ова води кон многу проблеми, од оние здодевните што брзо ви го „креваат притисокот“ до потенцијално смртоносни ситуации.

2. Луда зафатеност

Да се биде постојано зафатен е нешто што секојдневниот живот редовно ни го наметнува. Ние сме „зависни“ од тоа цело време да ги извршуваме обврските и да не забележуваме што навистина се случува околу нас. На пример, фрлете поглед на околината и ќе видите дека единственото нешто што луѓето го прават, без разлика дали чекаат во ред, одат или разговараат со други, е гледање во својот телефон. На тој начин не можете да се фокусирате на тоа што ви се случува бидејќи вашиот мозок е презафатен обработувајќи ги информациите што ги добива преку смартфонот. Како тогаш би забележале убав момент што ќе ве расположи и насмее?

3. Движење со автопилот

Поголемиот дел од дневните активности ви се повторуваат, како миење заби, проверување имејл, јадење, туширање… На тој начин и мислите што ви минуваат низ глава исто така стануваат повторувачки. Кога живеете на автопилот, со повторувачки активности и повторувачки мисли, пред крајот на денот ќе бидете толку исцрпени што нема да имате сила за ништо ново во вашиот живот, што би можело малку да ви ги размрда мислите.

4. Пренатрупаност со информации

Каде и да погледнеме, опкружени сме со информации за обработка и носење одлуки. Експертите ни велат што да правиме, што да јадеме и бомбардирани од реклами, новости, имејлови и објави на социјалните медиуми, нашиот мозок толку се пренатрупува со непотребни информации што едноставно нема веќе место за оние поважните. Ова води кон истоштеност, хроничен стрес, па дури и депресија.

5. Претерано размислување

Последно, но не и помалку важно, е претераното размислување што е една од најголемите причини за развивање хроничен стрес во модерното општество. Секој ден, вие искусувате илјадници повторувачки мисли, од кои повеќето изобилуваат со осудување и анксиозност. Премногу планирање, грижење и повторување на истите рутини ќе го истошти вашиот ум што потоа нема да биде способен за ништо друго освен за стрес. Иако стресот во мали количини е добар за да ви помогне во напредувањето, хроничниот ментален стрес создава и хроничен физички стрес, што е многу штетен за вашето здравје.

Тест: Дали вашиот мозок е презафатен?

Дали живеете со зафатен мозок? Дали повеќето од времето вниманието лесно може да ви биде одвлечено? Добре дојдовте во клубот! Епа ајде тогаш да дознаеме со што е толку зафатен вашиот ум.

Одвојте неколку моменти да ги одговорите овие прашања – можете да го сторите тоа во себе или пак, да ги запишете во вашиот дневник. Одговорите можат да ви помогнат да го спознаете вашиот зафатен ум и да сфатите како живеењето со него влијае на вашите секојдневни активности, врски и општо на вашата добросостојба.

Набројте три ситуации во денот кога сте најневнимателни, најанксиозни и кога вниманието најлесно може да ви биде одвлечено (на пример, додека возите, додека читате, кога одговарате на имејл, додека јадете…)

1. _______________________________________

2. _______________________________________

3. _______________________________________

Без да размислувате, набројте три карактеристики што најдобро го опишуваат вашиот зафатен ум (на пример, анксиозен, изморен, постојано во брзање, расфрлан на сите страни…)

1. _______________________________________

2. _______________________________________

3. _______________________________________

Одговорите на овие прашања можат да ви отворат нови можности во текот на денот за подобро да го спознаете својот зафатен ум. На пример, ако имате тенденција да се „исклучувате“ додека возите, користете го тоа време за да го насочувате вашето внимание директно во возењето. Исклучете го радиото и обидете се да забележувате сè што се случува околу вас. Забележете го небото, светлата на дрвјата, буката во градот и како вашето тело се чувствува зад воланот. Потоа почнете да забележувате кога заборавате да внимавате. На овој начин ќе го истренирате мозокот да биде постојано активен и насочен кон она што е важно.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар