5 знаци дека вашето пријателство е во опасност

5 знаци дека вашето пријателство е во опасност

Нашите врски со пријателите се едни од најважните нешта кои некогаш ќе ги имаме. Сѐ повеќе и повеќе истражувања покажуваат дека нивното одржување придонесува за нашето физичко и емоционално здравје. Но, понекогаш луѓето се трудат премногу да одржат пријателство кое едноставно не им влијае добро само поради чувството на лојалност, страв или вина, па почнуваат да чувствуваат повеќе стрес отколку што би чувствувале доколку едноставно го прекинат.

Погледнете ги наредниве 5 знаци кои укажуваат на опасност во пријателството и кои ќе ве натераат подобро да размислите дали оваа личност треба да продолжи да биде дел од вашиот живот…

5 знаци дека вашето пријателство е во опасност

1. Не ви се допаѓа личноста која постанувате кога сте покрај него/неа

Дали кога тој/таа е во ваша близина се чувствувате како едноставно да се менувате? Можеби кога сте заедно се чувствувате нервозно, пасивно-агресивно или пак, само агресивно. Можеби се чувствувате како да сакате да се натпреварувате, замерувате или сте завидни, а ова не ви се случува кога сте покрај други ваши пријатели. Доколку размислите, најискрено во себе, и почувствувате дека не го сакате она што е најдобро за вашиот пријател, тогаш која е вистинската основа за вашето пријателство?

2. Тој/таа ги извлекува на површина вашите најлоши карактеристики

Постојат многу начини на кои пријателите можат да бидат лошо влијание. Можеби како што поминувате време со оваа личност, вие забележувате дека повеќе пушите цигари, пиете, лажете, не сте доволно трпеливи со најблиските или пак, вашата креативност се намалила. Можеби вашата работа или оцените ви се во опасност, или пак почнувате да се сомневате во вашата врска или брак на начин на кој претходно никогаш не сте размислувале. Доколку се случува ова, време е да размислите за вашиот однос со оваа личност.

3. Вашето пријателство ви делува небалансирано

Реципроцитет? Што е тоа? Можеби тој или таа постојано ви позајмуваат нешта кои не ви ги враќаат или пак, толку многу пати сте направиле нешто за нив без притоа ништо да побарате, ниту пак да добиете за возврат што почнувате да се чувствувате како да сте му/ѝ слуга. Или пак можеби вагата е навалена на другата страна, па вашиот пријател прави толку многу нешта за вас, а вие едноставно немате интерес да ја возвратите услугата. Без разлика на ситуацијата, без рамнотежа пријателството не може да опстои.

4. Зборовите со кои би го опишале вашиот пријател се далеку од пофални

Можеби постојано правите шеги на негова/нејзина сметка во вашата глава, но не на добар начин. Или пак, се чувствувате супериорно, па токму затоа вашиот пријател многу ве нервира. Доколку сте забележале дека вие не се смеете со оваа личност, туку на неа, тогаш мора да се соочите со фактот дека можеби не ви се допаѓа повеќе и не сакате да ја имате во вашиот живот.

5. Вашиот пријател едноставно не ве гледа онакви какви што навистина сте

Можеби тој или таа константно погрешно ве сфаќаат или прават да чувствувате срам за вашиот стил, за вашето готвење или пак за тоа до колку доцна спиете. Доколку сте забележале дека не се чувствувате доволно ценето и дека сте почнале да се цензурирате во негово/нејзино присуство тогаш дефинитивно е време да разговарате со него/неа и да објасните како овие работи влијаат на вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар