5 знаци дека сте поврзани со партнерот на многу подлабоко ниво отколку со кој било друг претходно

Една од најтешките и многу ретки работи во животот е поврзувањето со друг човек, ама онаа вистинска конекција кога имате чувство како да сте едно, си ги познавате мислите и чувствата и знаете дека тоа е тоа. Иако изгледа и звучи како многу едноставна работа, навистина не е. Светот денес е многу различен, луѓето и вредностите драстично се имаат променето, па искреноста е нешто што ретко може да се сретне. А кога таа не постои меѓу вас и некој друг, тогаш е невозможно е со тој некој да бидете поврзани.

(1)-5-znaci-deka-ste-povrzani-so-partnerot-na-mnogu-podlaboko-nivo-otkolku-so-koj-bilo-drug-prethodno-kafepauza.mk

Но, иако тешко, не е невозможно да ја пронајдете таа личност со која ќе се поврзете на многу различно и далеку подлабоко ниво отколку со кој било друг. Таа личност прави да се чувствувате дека сѐ е можно кога доволно се сака, а доколку во некого ги препознаете следниве 5 знаци, тогаш таа личност е веќе дел од вашиот живот.

1. Ве тера да живеете во моментот

Тој/таа се грижи за вас како никој друг. Таа поврзаност која ја чувствува прави да сака да бидете среќни и исполнети, а бидејќи знае дека тоа е можно само доколку навистина живеете, оваа личност со сета душа ве тера да живеете во моментот. Животот е полн со каење за ненаправените нешта и пропуштените прилики, па токму затоа присутноста сега и тука е од витално значење. Кога живеете во моментот, вие ги правите одлуките кои баш тогаш сакате да ги направите, односно нема простор за подоцна да се каете бидејќи дури и кога би можеле да се вратите назад, вие пак би го направиле истиот избор.

2. Ги прави сите први чекори

Стравот и недовербата во себе се број 1 и број 2 непријатели на секој човек. Несигурни сме во своите способности и тоа како делуваме во даден момент, па се случува да се затвориме себеси и да не си дозволиме да ризикуваме ни за момент. А тоа е залудно потрошено време. Личноста која го согледува сето ова и на која и покрај сѐ не и е воопшто тешко таа да ги преземе сите први чекори во врската е личноста која се поврзува со вас на сосема друго ниво од сите други. Не сите се подготвени да преземат сѐ во свои раце не само на почетокот, туку и понатаму, но оние кои го прават тоа вредат да ги зачувате.

3. Трпелив/а е

Трпеливоста е карактеристика на големите луѓе. А за вас таква е онаа личност во чие присуство се чувствувате неверојатно заштитено и сигурно. Дури и кога вие сѐ уште не сте такво засолниште за неа, оваа личност стрпливо ќе чека на вас давајќи ви ги слободата и времето кои ви се потребни за да опуштите и предадете на таа конекција. А чувството после долго чекање е прекрасно и вреди многу повеќе од што било друго со кое сакате да го споредите. Трпеливоста е тука поткрепена со големо количество разбирање. Бидејќи сите ги процесираме нештата различно едни од други, сосема е логично и дека ќе се однесуваме кон нив секој на свој начин. А оваа личност е доволно трпелива да чека на вас.

4. Одлучен/на е

Најлесно од сѐ е откажувањето. Го избирате полесниот пат и решавате дека повеќе не сакате или немате сила да се борите за нешто. Но ова не ви е дозволено ако покрај себе имате некој кој е одлучен и посветен на тоа да ви укаже дека во животот сѐ е борба и дека само така ќе го добиете она што го заслужувате. Кој било друг би дигнал раце од вас и не би се обидел да смени нешто ни со мал прст. Но оваа личност го прави тоа, таа вложува во вас и врската и повеќе од очекуваното, свесна и подготвена дека нема веднаш да го добие истото и од ваша страна. Единствена мотивација за ова може да биде поврзаноста која се чувствува во воздухот меѓу вас и вербата во онаа хемија која постои кога сте во меѓусебна близина.

5. Интуитивен/на е

Како што е веќе спомнато, трпеливоста оди рака под рака со разбирањето. Ниту една врска не може да успее ако не постои разбирање и доверба меѓу партнерите. Кога ќе ја најдете таа личност која разбира што сакате и чувствувате без да има потреба да ѝ кажете, тогаш знаете дека покрај себе ја имате вистинската личност. Таа ве познава многу добро и знае да препознае кога сте тажни, среќни, отсутни, присутни и сл. И секако, знае точно што да направи во тој момент бидејќи познавајќи ве вас, знае како да се справи со целата ситуација. А чувството кога имате некој ваков покрај себе е незаменливо.

Колку некој треба да е посебен за да биде оваа личност за вас?

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар