5 знаци дека сте од оние жени кои никогаш не би им дозволиле на мажите да ги контролираат

Во денешно време жените сѐ уште се борат за полова рамноправност. Тие се борат за еднакви плати, соодветно породилно отсуство и за одржување на балансот помеѓу кариерата и приватниот живот. И покрај тоа, тие честопати прифаќаат да живеат според туѓи правила, особено кога се работи за љубовните врски. Секако дека клучот лежи во компромисот, но сигурно не сакате да се најдете во ситуација каде што ќе дозволите некому да ви го контролира животот. Не заборавајте дека силните жени не им дозволуваат на мажите да ги диктираат нивните животи. Ова се 5-те знаци дека сте од оние жени кои никогаш не би им дозволиле на мажите да ги контролираат…

5 знаци дека сте од оние жени кои никогаш не би им дозволиле на мажите да ги контролираат

1. Не прифаќате ништо помалку од она што го заслужувате

Силните жени одбиваат да прават работи само за да им угодат на другите и никогаш не излегуваат на љубовни состаноци со мажи кои немаат што да им понудат. Токму затоа, тие успеваат да најдат партнери кои ќе им дозволат да живеат онака како што сакаат.

2. Се прифаќате себеси

Сите ние треба постојано да работиме на себе. Токму затоа животот се вика животно патешествие, а не дестинација, се согласувате? Како разговарате со себе кога нема никој околу вас? Дали си мислите „Леле, фустанов одлично ми стои!“ или „Не изгледам убаво што и да облечам“. Со текот на времето, она што си го велиме постојано станува вистина. Ако си велите дека заслужувате унапредување на работа, дека треба да бидете среќни или дека имате одлични пријатели, нема шанси да му дозволите некому да ви каже дека сте нешто помалку од тоа.

3. Се цените себеси и поставувате разумни граници

Многу е важно да си ја познавате својата вредност. Тоа не значи дека треба да бидете нарциси, туку дека треба да се почитувате себеси. Треба да ги слушате своите потреби и желби. Ако сте имале напорен ден на работа и вашиот партнер ве убедува да одите во бар, а вие сакате да седите дома, тогаш тој треба да ја почитува вашата потреба. Не морате да ги убедувате другите дека треба да ве почитуваат. Тоа е нешто што доаѓа однатре.

5 знаци дека сте од оние жени кои никогаш не би им дозволиле на мажите да ги контролираат

4. Ја слушате и ѝ верувате на вашата интуиција

Кога ви се чини дека нешто ќе тргне наопаку, секогаш ја слушате својата интуиција. Му обрнувате внимание на вашиот внатрешен глас кој ви вели „Внимание! Бидете претпазливи!“. Ако забележите дека вашиот партнер испил премногу, не мора да одите дома со него. Јавете им се на вашите пријатели да ве земат.

5. Знаете што сакате и не се плашите да се борите за тоа

Имате цели и соништа кои сакате да ги остварите. Без разлика дали станува за започнување сопствен бизнис или за поминување повеќе време во салата за вежбање, вие точно знаете што треба да направите за да го постигнете она што го сакате. Знаете кои сте и секогаш сте зафатени со бркање и планирање нови подвизи. Имате свој живот и не чекате на другите за да почнете и да го направите првиот чекор.

Овие 5 особини се својствени за силните жени кои разбираат дека врските не служат како надоместок за одредена празнина во нивниот живот. Тие знаат дека можат самите да ја контролираат и креираат нивната судбина и не им треба каков било маж за да се чувствуваат исполнето.

Во продолжение, прочитајте ги овие 10 знаци дека сте алфа жена.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар