5 знаци дека можеби ви е потребно лекување на душата

5 знаци дека можеби ви е потребно лекување на душата

Колкумина од вас се согласуваат со фактот дека секому му е потребно лекување? И тоа не физичко, туку лекување на психолошко, емоционално и духовно ниво. Лекувањето може да се случи на неколку нивоа. Понекогаш нашите емоции и чувства се потиснати толку долго што не ни сфаќаме дека сме повредени. Најчесто одрекуваме и се преправаме дека сè е во ред или пак воопшто не сме свесни за овие повреди. Лекувањето почнува кога вие ќе му дозволите и кога вашите ум, мисли и емоции се усогласени со аспектот на вашето битие. Ова се 5-те скриени знаци кои покажуваат дека можеби ви е потребно лекување.

5-znaci-deka-mozhebi-vi-e-potrebno-lekuvanje-kafepauza.mk

1. Се фокусирате само на негативното

Негативното размислување ви станало навика во секоја ситуација. Вашиот ум размислува само на лошите исходи наместо да се фокусира на добрата страна на нештата. Се разбира, невозможно е постојано да бидете позитивни, но песимизмот е дел од вашите мисли. Ситуациите и животните искуства ве претвориле во личноста која што сте, но истовремено не си дозволувате да го живеете вашиот живот. Лоши работи им се случуваат на сите, и во некои случаи навистина работите може да тргнат на полошо. Но, доволно е малку позитивност за да ви се разубави денот и да ви даде мир, дури и за многу краток период. Кога ќе го сфатите ова, вие ќе тргнете чекор напред кон вашето лекување.

2. Претерано размислувате

Ошо рекол:

„Умот е прекрасен слуга, но опасен господар.“

Кога ќе изгубите контрола над вашиот ум и ќе му дозволите да завладее со вашиот живот, тогаш сте во неволја. Тој само ќе ја троши вашата енергија и вашето време бидејќи ништо позитивно не излегува од него. Претераното размислување е замка, а ако се фатите во неа ќе ве уништи. Но, можете да се ослободите и да најдете безбедно место. Древните текстови ова го нарекуваат „мајмунски ум“ бидејќи постојано „скока“ од една мисла кон друга. Кога одлучно ќе преземете контрола и ќе го смирите вашиот ум, тој ќе стане ваш слуга.

3. Фатени сте во стапицата на информациите

Стекнувањето знаење може да биде моќно искуство. Мудроста е кога знаете како и кога да го искористите тоа знаење. Ако вашата желба за знаење е обид да исполните некоја празнина или да потиснете некое чувство, тогаш тоа е сведено на комбинација од зборови. Сигурно имате сретнато луѓе кои можат да разговараат за речиси сè, но дали тие разговори се реални? Важни се оние кои можат да ја допрат вашата душа и да направат разлика во вашиот живот. Не разговарајте бидејќи така требало, кажувајте го само она што навистина го мислите. Тоа значи да бидете мудри.

Мудроста не се карактеризира со поголем мозок, туку со поголемо срце. Мудроста ја осветлува темнината. Таа не е нешто што можете да го прочитате во книга, туку ја стекнувате преку искуства, интуиција и слушање на вашиот внатрешен глас. Зборувајте и одговарајте паметно. Размислете за нештата од сите насоки, никогаш не зборувајте без причина и понекогаш е добро да премолчите. Немојте да користите ниту премалку, ниту премногу зборови.

4. Страв ви е да изгубите контрола или да продолжите понатаму

Сите имаат некаков страв. Некому му е страв од височини, на друг од темница, неуспех, промена, вистина и најмногу од сè – од губење контрола. Речиси сите имаат желба да го контролираат секој аспект од својот живот. Ја планираме иднината за да ни биде удобно и страв ни е да изгубиме контрола бидејќи не сакаме да бидеме „исфрлени“ во непознатото. Но само кога ќе излезете од вашата удобна зона ќе доживеете авантура, ќе го погледнете животот од друга перспектива и ќе созреете како личност. Дури тогаш ќе се случи магијата. Отстранете ја безбедносната мрежа, прекинете ги врските со вашите стари навики, излезете и живејте го вашиот живот. Не можете да ја контролирате иднината, но можете да го контролирате вашиот ум и да создадете нов почеток уште денес.

5. Страдате од когнитивна дисонанса

„Понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат вистината бидејќи не сакаат да се уништат нивните илузии.“ – Фридрих Ниче

Се држиме за нашите верувања како животот да ни зависи од нив. Толку сме крути со нашите размислувања и мислења, што во моментот кога некој ќе ги предизвика се чувствуваме неудобно. Ова е моментот кога чувствуваме когнитивна дисонанса. По ова можеме да одбереме да го промениме нашиот ограничен систем на верување или да си се држиме до нашето оригинално мислење. Во зависност од тоа како реагирате на овие ситуации, когнитивната дисонанса може да има големо влијание на вашиот живот.

За да се сомневате во вашите верувања треба да сакате да го насочите вниманието внатре кон вас. Штом ќе се фокусирате на она што се случува во вас, ќе можете да гледате на секое судење, критика, верување и идеја со перспектива која можеби не ви дозволува да созреете.

Погледнете и кои емоционални проблеми значат дека на вашата чакра ѝ е потребно лекување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар