5 знаци дека еден сосема обичен маж е заљубен во вас

Секој од нас има видено фотографија или видео на социјалните мрежи од маж што ја покажува љубовта кон својата партнерка. И тоа не на каков било начин, туку со скапи подароци и вечера во скапи ресторани. Гледајќи го тоа, многу девојки го очекуваат истото изјавување на љубов од нивните партнери кои не секогаш се во можност да го остварат тоа. Па кога „просечните“ мажи ќе направат нешто, тоа останува незабележано бидејќи очекувањата се преголеми, дури и нереални. Погледнете ги 5-те начини на кои „просечниот“ маж покажува дека ве сака.

5-raboti-koi-gi-pravat-mazhite-koga-se-navistina-vljubeni-kafepauza.mk

1. Ве почитува

Ова е темелот на сѐ што следува понатаму. Ако мажот не ја почитува својата партнерка, ако ја гледа како предмет што треба да ги исполни неговите фантазии и очекувања, тогаш тој не е вљубен. Кога маж навистина љуби некого, тој и неговата партнерка се еднакви во неговите очи. Тој нема да зборува со неа како со некој што треба да прима наредби, туку како со личност со одлични идеи и чувства.

2. Искрен е

Нема недостаток на мажи кои знаат да стават навистина убедувачка маска. Тие знаат да ги кажат вистинските работи и пред вас да се покажат како „совршени мажи“. Но, кога тој навистина е вљубен, ова не доаѓа предвид. Тој нема да се преправа цела вечер за на крајот да заврши во вашиот кревет. Тој ќе си стои до своите желби, дури и ако резултатот е кавга. Зошто? Затоа што ја цени искреноста во врската. Тој нема да ја однесе својата девојка во друга насока, за на крај да ја разочара. Тој е вљубен па затоа е искрен и праведен.

3. Ги памти важните работи

Кога мажот е вљубен, никогаш не ги заборава клучните работи за саканата. Тој знае какво кафе сакате и која е вашата омилена песна. Секако, тој го памти и вашиот роденден, како и годишнината. Па зошто да не? Љубовта е една од најопсесивните човечки емоции. Ова всушност е здраво, сè додека чувството е взаемно.

4. Се обидува да биде подобра личноста

Љубовта може да ги натера дури и најневештите мажи да се обидат да се подобрат. Тоа не го прават за да ѝ ласкаат на партнерката со лажни импресии, туку само сакаат да бидат најдобрата личност за оние што ги љубат. Со други зборови, кога мажот е вљубен тој вистински сака да стане подобра личност, бидејќи знае дека неговата партнерка го заслужува тоа.

5. Ќе се бори

Додека да дојде времето за да се „смири“, во просек мажот треба да помине низ 6 врски. Овие 6 партнери го напуштале релативно брзо. Вистината е дека тој веројатно не се ни борел доволно за да ги задржи. Веројатно сметал дека нема потреба да минува низ тешки периоди за тие врски или пак да работи на своите грешки. Тој би го направил ова само за личноста која ја љуби бидејќи  знае дека не е лесно да се замени вистинската љубов. Тој знае дека ако дозволи љубовта на неговиот живот да си замине, може никогаш повторно да не ја пронајде. Затоа, тој се бори.

Погледнете го и овој целосен водич низ емоциите на мажот.

За авторот
Студент на Машински кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар