5 здравствени состојби со симптоми слични на депресија

Депресијата е нешто што сè почесто го гледаме во модерното општество. Сè повеќе и повеќе луѓе страдаат од неа, но ретко застануваме да размислиме што всушност е причината за тоа. Без разлика дали е резултат на некоја траума или се појавила без посебна причина, депресијата е навистина ужасна. Не само што останува долго, туку многу луѓе страдаат од неа. Депресијата е нешто што никој не би требало да го искуси.

5-zdravstveni-sostojbi-so-simptomi-slichni-na-depresija-kafepauza.mk

Постојат многу работи кои резултираат со чувства слични на депресија, а понекогаш е и нормално да имате такви чувства. Некои здравствени проблеми можат имаат симптоми многу слични со оние на депресијата. Според едно истражување од 2012 година, околу 45% од пациентите со депресија не ги исполнувале условите за оваа болест. Тоа е речиси половина од дијагностицираните. Ова значи дека луѓето примаат лекови за депресија дури и кога не страдаат од неа.

Ако имате симптоми на депресија, не сте единствените. Но ова не мора да значи дека страдате од депресија. Во продолжение погледнете ги 5-те здравствени состојби чии симптоми се премногу слични на оние на депресијата.

1. Недостаток од витамин Д

Витамините се неопходни за нашето здравје, но многу често забораваме на нив. Едно истражување покажало дека само во САД 3/4 од тинејџерите и возрасните имаат недостаток на витамин Д. Недостатокот од овој витамин прави да се чувствувате заморно, депресивно и тажно. Еден извештај направен од 14 разни истражувања покажал дека недостатокот на витамин Д ви ги зголемува шансите за развивање депресија.

2. Хипертироидизам

Оваа состојба претставува прекумерна функција на тироидната жлезда и може да направи да се чувствувате депресивно. Симптомите кои се придружени со ова нарушување се депресија, замор, чувство на безвредност и раздразливост. Може да го отежни и извршувањето на наједноставните секојдневни активности. Во светот има околу 300 милиони луѓе кои страдаат од ова нарушување, па можеби и вие сте едни од нив. Проверете ја вашата тироидна жлезда пред да почнете терапија со антидепресиви.

3. Ниско ниво на шеќер

Дури и ниското ниво на шеќер во крвта може да направи да се чувствувате безвредно. Гладот е примитивно чувство кое го „вклучува“ стресот, слично како и депресијата. Ако вашата исхрана не е добра, може да резултира со низок шеќер во крвта, а ова пак да го направи вашето расположение многу променливо.

4. Дехидратација

Дехидратацијата може да направи да се чувствувате многу лошо. Според едно истражување, се покажало дека и благата дехидратација може значително да влијае на расположението. Лоренс Е. Армстронг, еден од научниците кои работеле на истражувањето изјавил:

„Нашето чувство за жед не се појавува сè додека не сме 1% или 2% дехидрирани. До тогаш дехидратацијата веќе започнала и влијае на перформансот на нашите ум и тело.“

5. Недостаток од кофеин

Дали пиете многу кафе? Ако одговорот е да, можно е да страдате од недостаток на кофеин. Кофеинот е како дрога и кога вашето тело ќе се навикне на него, а потоа ќе престанете да го внесувате, може да настанат некои компликации. Ова може да влијае на вашето расположение и да предизвика симптоми многу слични на депресија. „Расонувањето“ од еспресото може да има несакани ефекти како и секоја друга дрога. Пред да посегнете по антидепресиви, пробајте прво да го намалите внесувањето на кофеинот.

Дознајте кои се знаците за депресија кои не треба да ги игнорирате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар