5 здравствени придобивки од црешите кои не смеете да ги занемарите

Слатки и вкусни, полни со хранливи материи и одлични за здравјето. Ако ви се потребни уште причини зошто уште сега да наполните една чинија со цреши, тогаш продолжите да читате.

0-5-zdravstveni-pridobivki-od-cresite-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite-kafepauza.mk

1. Содржат витамини и хранливи материи кои го спречуваат ракот

Црешите содржат бројни фитохемикалии и диетални влакна кои се поврзуваат со намалување на ризикот од колоректален рак (рак на дебелото црево). Внесувањето на големо количество диетални влакна исто така помага при контрола на тежината. Ова е важно кај оние кои се изложени на ризик од канцер бидејќи вишокот масти го зголемува ризикот за седум пати.

2. Полни се со антиоксиданси

Витамин Ц, каротеноиди и антоцијани спаѓаат во групата на антиоксиданси. Имаат голема улога во организмот бидејќи спречуваат оштетување на клетките, што некогаш доведува до рак. Антоцијанинот е флавоноид кој им ја дава интензивната црвена боја на црешите. А цијанидинот и кварцетинот се антиоксиданси кои го намалуваат оштетувањето на клетките предизвикано од слободните радикали.

1-5-zdravstveni-pridobivki-od-cresite-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite-kafepauza.mk

Кварцетинот е флавоноид кој е одговорен за пигментацијата на црешите. Оваа пигментација по која се познати црешите и состојките кои ги има во нив, не можете да ги најдете во жолтите цреши. Но, и тие се полни со антиоксиданси и витамини.

3. Го намалуваат воспалувањето и ги ублажуваат болките при артритис

Во едно истражување кое било спроведено од страна на Кери Куел, доктор на науки на Универзитетот за здравје и наука во Орегон, се проучувале 20 жени на возраст од 40 до 70 години кои имале инфламаторен остеоартритис. Истражувачите откриле дека пиењето сок од цреши два пати дневно во рок од три недели драстично ја намалило инфламацијата, особено кај оние кои имале највисоки нивоа на почетокот од истражувањето.

Друго истражување спроведено на Истражувачкиот институт Бејлор открило дека дневна доза екстракт од цреши ја намалува болката при остеоартритис за 20% кај поголем дел од популацијата.

Црешите исто така се одличен лек за справување со болните мускули. Една студија објавена во списанието на Меѓународното здружение за спортска исхрана во 2010 вели дека луѓето кои се напиле 700 мл сок од цреши пред маратон чувствувале помала болка и помалку се жалеле за разлика од оние кои пиеле плацебо.

4. Тие поттикнуваат здрав сон

Добриот сон е клучен за добро здравје. Затоа земете една рака полна цреши. Тие содржат природен мелатонин, супстанција која многу од нас ја земаат како суплемент за подобар сон. Иако во телото го создава епифизната жлезда, сепак таа количина што се добива од јадење цреши ќе ви го подобри сонот. Победете ја несоницата на природен начин.

5. Го одржуваат крвниот притисок

Иако некои препораки се специфични за потемните видови цреши, овде станува збор за оние послатките. Тие се богати со калиум и тој го одржува балансот на телото кој лесно се променува со внесување на многу солена храна.

Истражувањето во списанието Критички преглед на науката за храната и исхраната во 2010 вели дека луѓето кои јадат храна богата со калиум имаат помали шанси да патат од хипертензија. И бананите содржат калиум, но многу подобар и помалку калоричен избор се црешите. Затоа уште веднаш наполнете една рака и уживајте во благодетите на ова овошје.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар