5 здрави намирници што нема да го задоволат вашиот глад

Каква храна и да јадете, дури и да е со празни калории, одредено време ќе се чувствувате заситени. Но, прашањето е колку време ќе помине додека повторно не почувствувате глад. Во повеќето случаи најважни се мастите, хранливите влакна и протеините. Според нутриционистите, ако сето тоа го има доволно, ќе останете сити подолго време. Но, постојат и здрави намирници кои нема да го задоволат вашиот глад. Погледнете за што станува збор.

1. Леб од цело зрно

Здрави се, а дебелеат: Пет намирници после кои останувате гладни

Точно е дека содржи многу хранливи влакна, но му недостасуваат масти и протеини. За да се справите со овој проблем, додајте му здрави масти како што е путерот од ореви, јајца или авокадо.

2. Овошен сок

Здрави се, а дебелеат: Пет намирници после кои останувате гладни

Овошјето е полно со витамини, минерали и хранливи влакна, но нема ниту малку протеини или масти. Дури и кога сокот е целосно од овошје, вашето тело различно ги доживува намирниците кога се во цврста и течна состојба. Поради тоа, без разлика колку и да е хранлив тој сок, секогаш подобро е овошјето да го изедeте.

3. Зелено смуди

Здрави се, а дебелеат: Пет намирници после кои останувате гладни

Тоа има малку калории, многу овошен шеќер, но ниту малку протеини и масти, па по него брзо ќе почувствувате глад. Што да направите во овој случај? Зголемете ја дозата на зелен зеленчук, но додајте и авокадо или путер од ореви. Можете да додадете и некој протеин, како што е на пример грашокот.

4. Белка од јајце

Здрави се, а дебелеат: Пет намирници после кои останувате гладни

Иако има три до четири грама протеини, што би требало да биде доволно за да останете заситени, белката од јајце има малку калории и речиси е без масти. Затоа, слободно консумирајте ја и жолчката.

5. Кисели краставички

Здрави се, а дебелеат: Пет намирници после кои останувате гладни

Генерално, сите туршии содржат пробиотици, што е одлична вест, но се и многу солени, поради кои ќе бидете жедни и брзо ќе почувствувате глад. Затоа, намалете го консумирањето кисели краставички и настојувајте секогаш после тоа да пиете доволно количество вода.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар