5 задолжителни летни парчиња облека

Во текот на летните месеци секогаш сакаме да носиме лесна и удобна гардероба која лесно може да се трансформира и во дневна и во вечерна варијанта и која не зафаќа многу простор, за да ни ја собере во плакарот и во куферот за летување.

Ова се парчиња облека, кои ќе ги исполнат сите ваши потреби во текот на летото и кои задолжително морате да ги имате. Тие се модерни и актуелни ова лето, но постои веројатност некои од нив да ги имате од претходните сезони.

Капри панталони со принт

Популарните три-четврт панталони или фармерки се совршени за кој било период од денот. Можете да ги комбинирате со скоро сите дневни парчиња, а добро изгледаат и со рамни сандали и со високи потпетици.

5 задолжителни летни парчиња облека

Плик-чанта во светла боја

Ваквата чанта ќе ви помогне да ја разбиете секоја ваша дневна комбинација, а во сите продавници ќе најдете голем број модели и нијанси. Ваше е само да одберете која најмногу ќе ви одговара.

5 задолжителни летни парчиња облека

Тенка летна кошула

Кошула од лесен материјал е задолжително парче кое повеќето жени најверојатно го имаат во својот плакар. Доколку немате, тогаш купете некоја со интересни детали на неа.

5 задолжителни летни парчиња облека

Сандали на плута

Доколку сте во потрага по совршени сандали за ова лето, одличен избор се оние со полна пета. Доколку не сте љубители на високи потпетици, тогаш сигурно ќе пронајде некои поудобни со помала плута.

5 задолжителни летни парчиња облека

Макси фустан

Задолжително парче оваа сезона се макси фустаните. Сон нив многу брзо и лесно ќе се спремите за секоја прилика, ќе се чувствувате комотно, а и ќе изгледате прекрасно.

5 задолжителни летни парчиња облека

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар