5 витамини за здрава кожа

Здравата и природно сјајна кожа е цел на секој маж и на секоја жена. Но, нејзината убавина доаѓа од она што го внесуваме во себе преку храната. Прочитајте кои витамини се препорачливи за да имате подобар изглед на вашата кожа.5 витамини за здрава кожа

Витамин А

Тој е потребен и клучен за одржување на виталното ткиво на кожата. Ако имате недостаток од витаминот А, вашата кожа ќе биде сува. Внесувајте ја потребната доза на овој витамин преку храната: слатките компири, морковите и ливчестиот зеленчук со изразена зелена боја нека бидат дел од вашето дневно мени. Истражувањата покажуваат дека во допир со кожата, лосионите кои содржат витамин А, ја штитат од акни и влијаат на намалување на брчките.5 витамини за здрава кожа

Б-комплекс

Освен во вид на апчиња, може да се најде и внесе преку храната: овес, јајца, ориз, банани… Б-комплексот се состои од витамини кои се потребни за вашата кожа, коса и нокти. Ако имате недостаток, може да се појави опаѓање на косата или дерматит. Кремите со Б-комплекс ја хидратираат кожата и прават таа да сјае. Исто така имаат антивоспалително дејство и го изедначуваат тенот.5 витамини за здрава кожа

Витамин Ц

Сите цитрусни овошја се преполни со витаминот Ц, како и карфиолот, бабурите и зелените зеленчуци. Витаминот Ц, освен што одлично се справува со настинките, тој ù е и пријател на кожата, во поглед на создавањето на колагенот. Помага при намалување на брчките, ја подобрува текстурата на кожата и влијае заштитно при изложеност на кожата на сонце.5 витамини за здрава кожа

Витамин Е

Овој витамин помага за оштетената и сува кожа. Редовно грицкајте бадеми, ореви, лешници и други јаткасти плодови, јадете маслинки и спанаќ ако сакате сјајна кожа. Тој ќе помогне и во зацврстувањето на вашата коса и враќањето на нејзиниот сјај. За кожа која има изгореници и лузни, препорачливо е да се трие местото со масло со витамин Е.5 витамини за здрава кожа

Витамин К

Витаминиот К се препорачува за кожа со модрици и темни кругови околу очите. Побарајте креми и лосиони кои го содржат овој витамин за да избегнете и настанување на брчки и губење на бојата на кожата. Може да се најде во зеленчук, но најдобро е кога се нанесува локално.

5 витамини за здрава кожа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар