5 видови „здрава“ храна која всушност е полоша алтернатива од помфритот

5 видови „здрава“ храна која всушност е полоша алтернатива од помфритот

Помфритот е масно, солено и калорично јадење кое не треба премногу често да се јаде. Во 100-тина грама помфрит се наоѓаат околу 280 калории, што претставува околу 1/7 од потребни дневни калории. Токму затоа и сакајќи да се избегнат овие големи количини калории, луѓето често порачуваат предјадење кое всушност е многу полош избор од самиот помфрит. Откријте за која храна станува збор и како да ја избегнете…

5 видови „здрава“ храна која всушност е полоша алтернатива од помфритот

1. Салата со прелив

Ако мислите дека пржените компири можете да ги замените со салата во ресторан за брза храна, непријатно ќе се изненадите. Таа обично се служи со индустриски преливи кои се исполнети со многу заситени масни киселини и соли. Во комбинација со свежата салата тие се вистинска калориска бомба. Размислете, само една лажица мајонез содржи околу 60 калории. Доколку навистина сакате да јадете здраво, зачинете ја салата со прелив кој сам сте го подготвиле и за кој знаете дека е составен само од природни намирници. Од друга страна, доколку сте во ресторан, додајте само маслиново масло, лимон, сол и бибер.

2. Супа

Ако мислите дека оброкот треба да се започне со супа и дека на тој начин ќе ја намалите потребата за храна за време на главниот оброк, тогаш можеби треба да знаете уште еден мал детаљ. Супата е одличен начин да внесете вредни витамини и минерали, но само ако сте ја направиле вие самите. Онаа која доаѓа од вреќичка или конзерва содржи и до 50 калории во чинија, но истовремено е преполна и со сол и адитиви кои го зголемуваат крвниот притисок и ве изложуваат на опасност од здобивање дијабетес и различни болести на крвниот систем.

3. Пржен кромид

Ова предјадење кое доаѓа од Америка, во последно време е многу често порачувано и кај нас. Но, ако верувате дека пржениот кромид е подобра алтернатива од компирите, вие сте во голема заблуда. Кромидот се поставува во смеса за панирање, а потоа се пржи во масло на истиот начин како и компирите, па токму затоа и имаат скоро иста калориска вредност. Ако имате можност, подобро јадете свеж кромид, бидејќи тој на 100-тина грама содржи само 33 калории.

4. Тестенини со растопен кашкавал

Спротивно на општото верување, тестенините не можат да ве здебелат. За вишокот килограми се виновни масните сосови и додатоци. Ако наместо помфрит одбирате паста со кашкавал, подгответе се за уште една калориска бомба. Во 100 грама од сосовите кои вклучуваат кашкавал се наоѓаат над 400 калории, па токму затоа и е далеку од поздрава алтернатива на помфритот. Доколку сакате навистина да јадете здрави тестенини, мешајте ги со свеж кашкавал и малку маслиново масло.

5. Крокети

Уживате во златно кафеавите крокети? Тоа е исто како да сте порачале класичен помфрит. Дали сте знаеле дека крокетите се всушност топчиња од тесто и компири, испржени во масло, кои имаат дури десетина калории повеќе од истата количина помфрит? Ако не можете без помфрит, а сакате поздрава алтернатива, порачајте варен компир зачинет со малку сол и маслиново масло. На овој начин во вашето тело ќе внесете три пати помалку калории отколку со пржениот помфрит.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар