5 видови сексуални односи за кои секоја девојка се кае во својот живот

Појавата на интензивно чувство на каење по одредени видови секс е многу почесто кај девојките отколку што би помислиле. Станува збор за оние ситуации во кои биле понесени од моментот и едноставно не размислувале разумно за тоа во што се впуштаат, па откако сè ќе заврши тие едноставно жалат за стореното.

5 видови секс за кои секоја девојка се кае во својот живот

1. Секс под дејство на алкохол

Кога ќе испиете неколку чашки повеќе одошто би требало, често се случува сексот со згодниот тип со кој танцувате цела вечер да ви изгледа како добра идеја. Но, кога наредното утро ќе дојде и вие ќе се отрезните, сфаќате дека тоа било далеку од добра идеја. Но, грижите не можат да го променат тоа што се случило, па затоа е најдобро доколку гледате на ова искуство како добра лекција за следен пат.

2. Секс со личност која штотуку сте ја запознале

Најчесто станува збор за секс за една вечер. Ова може да им се случи дури и на оние девојки кои веруваат дека сексот во кој не чувствувате ништо освен физичка привлечност е лош, бидејќи едноставно биле понесени од моментот. Но, не грижете се, сексот за една вечер не ве прави да изгледате како „лесни“. Живееме во 21-ви век каде што сите ние заслужуваме мала забава без обврски која не треба да направи да се чувствуваме како да сме лоши личности.

3. Секс со личност надвор од вашата врска

Без разлика колку се обидувате да го оправдате вашето однесување, тврдејќи дека немало емоции во игра, сепак фактот е дека сте го изневериле. Ако сте сигурни дека е само прашање на време пред тој да ја дознае вистината, најдобро би било доколку сте искрени со него и се обидете да разговарате. Ако сте сигурни дека нема да се дознае, ниту пак дека нема никогаш повеќе да ви се повтори, извлечете лекција од вашиот живот и научете како сами да живеете со овој товар зад себе.

4. Секс во кој сте одглумиле уживање

Тој толку многу се трудел да ве задоволи што едноставно не сте можеле да не му ја дадете бараната заслуга, па токму затоа и сте одглумиле возбуда, воздишки, оргазам и сè останато што оди во пакет со односот. Но, и покрај тоа што сметате дека вашето дело е со добра намера, сепак подобро е доколку не го повторите ова. Следен пат, наместо да се впуштите во однос кога не сте расположени за тоа, едноставно бидете искрени и разговарајте со вашиот партнер. Во сексот треба да уживаат и двете страни, а не само едната.

5. Секс со бившото момче

Таман сте помислиле дека сте го преболеле и некако сте успеале да најдете мир во себе, вие одеднаш без никакво предупредување сте се нашле под него. Сосема е разбирливо да се „падне“ на некој кој толку добро го познавате, но тоа на што треба да обрнете внимание е дека постои причина зошто вие двајца сте завршена приказна. Не ги занемарувајте старите проблеми и не се вовлекувајте повторно во истата неволја кога длабоко во себе знаете дека нема да успее.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар