5 видови храна кои мора задолжително да ги измиете пред да ги зготвите или консумирате

5 видови храна кои мора задолжително да ги измиете пред да ги зготвите или консумирате

На листата со овие намирници ги има и оние кои сигурно ги миете, но и оние кои досега не сте ги миеле пред нивното готвење или консумирање. Секогаш имајте на ум кои се тие.

1-5-namirnici-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-izmiete-pred-da-gi-zgotvite-ili-konsumirate-www.kafepauza.mk_

1. Овошје и зеленчук со лушпа која се јаде

Само затоа што овошјето и зеленчукот со лушпа која може да се јаде изгледаат чисто и сјајно, тоа не значи дека не мора да ги измиете. Задолжително ставете ги под силен млаз вода и добро истријте го со рацете. Индустриското овошје и зеленчук, според препораките од експертите, секогаш треба да се излупи пред консумирање, додека она домашното кое не е третирано со пестициди не мора да го лупите, но секако дека мора да го измиете.

2. Одредени намирници во конзерва

Намирниците како што е на пример конзервираната туна е невозможно да ја измиете без уништување, но намирниците како конзервиран грав, слануток, грашок и други обработени зеленчуци, лесно можете да ги измиете.

3. Овошје и зеленчук со лушпа која не се јаде

Навикнати сме да ги лупиме, па токму заради тоа мислиме дека нема потреба од нивно миење. Секако, грешиме. Секое овошје и зеленчук, без разлика на тоа дали има лушпа која се јаде или не, задолжително треба да го измиеме пред самото консумирање или подготовка.

2-5-namirnici-koi-mora-zadolzhitelno-da-gi-izmiete-pred-da-gi-zgotvite-ili-konsumirate-www.kafepauza.mk_

4. Јаткасти плодови

Доколку прашате повеќе луѓе дали ги мијат јаткастите плодови, тие ќе ви одговорат негативно. Меѓутоа, имајте на ум дека не можете со сигурност да знаете каде биле сместени во текот на транспортот и пред пакувањето. Заради тоа би требало пред консумирањето да ги измиеме. Секогаш мијте ја само онаа количина на плодови која планирате да ја изедете или да ја искористите за подготовка на јадење.

5. Сушено овошје

Дали сте знаеле дека токму сушеното овошје се смета за едно од највалканите намирници? Тоа особено важи за сушеното овошје што не е спакувано. Затоа и него задолжително измијте го пред консумирање, а експертите советуваат дури и да го оставите да отстои во вода на неколку часа.

Додека сме кај намирниците и готвењето, погледнете зошто даската за сечење никогаш не треба да ја миете само со вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар